За неа искрено не знам кога би ја ставила. Гледам некои ја одбегнуваат. Имам братучеда, 2 години и е малото, уште му ја нема ставено
И јас ќе ја одложам колку можам. Снаа ми ја одложи, ама со причина, еднаш операција, па сипаници, и 2 пати онака само од педијатар потврда. Ама, сега крај на месец им рекле мора, пак им стигнало. Внук ми во март прави 2г.
Фала ви на сите. Ноќеска поспав малку па денес поокеј сум психички. Да ве прашам, како правите разлика грчеви или гасови ? Се стиска се црвенее како да пробува да кака или прдне, тук таму ќе потпрдне малце. Е сега не знам дали ради гасовите се стега, или се стега од грчеви што ја боли па успат прднува.. инаку нозете ги грчи ама истегнати напред како пушка.. ич не знам да разликувам што е што
Добри сме, уште се навикнуваме на новиот живот. Се изгубив малку од пишување иако читам колку можам во слободно време. Чекам да си ги соберам мислите па да споделам породилна приказна. Бебка е малку со жолтица, се трудиме максимално да ја оправиме. Битно е дека не е сериозно, на ад сме, јадеме, какаме и мочкаме редовно. Фала што помисли на нас.
Баш ми е мило. Незнам зошто, ама осеќав дека ќе се породиш на празник. Ставај бебе до прозор на светлина, ништо страшно не е бебешката жолтица. Битно сте добри. Те чекаме
Kaj se nagojas ? Nie denes taka primivme (dve vo noze edna vusta), ali ova nesto neznam dali e od vakcinite od 12 sat dete ne e smireno , voznemireno placit vristit, neznam so da mu napram vejke .. se mislam za cepce ama pa nema temperatura . Nz dali mozi da mu stavam cepce a da nema tem .
Немаш потреба од чепче. Нема температура. Ставај ладни облоги на ноџињата. Може мешето го боли од грчеви , од ротата. Може го болат ноџињата. Ако има грчеви во мешето, исконсултирај се со педијатар, што да дадеш.
Bas sega citav deka od rota mozelo pojke grcevi da imat i mese da ja bolit . Se stega i place bas taka kako grcevi da imat ama 3 pati pojako ... i davam bigaja . Mislis da zvonam deka i nesto dr ke mi dadat za mese? I kolku vreme od prilika bi traelo...
Аии, цуца таа. Не се секирај нормално е, и нас не фати на излез жолтица, си ја теравме доста, може 10 дена имаше, зашто нема сонце баш ноември па повеќе течност, ни дадоа чајче за побрзо да ја исфрли низ мокрача. Ништо не е освен што се поспани. За брзо ќе ја исфрли. Те чекам да споделиш искуство породилно.
Колкаво е бебе? На 2 месеци бебе се отепа од плачење цел прв ден, дека го болеа ножињата, пазев да не го допирам таму и му ставав лепенки. На 4 и 6 месеци ми рекоа ако е многу вознемирен, да му дадам сируп иако нема температура, Еферелган, се дозира според килажа, ама не на 4 саати туку еднаш само, јас пред спиење дадов и двата пати. Вториот ден веќе кај мене бебе немаше мака. Инаку од ротата до 10 дена може да има зелена кака, и на советувалиште ми напоменаа дека кога ќе менувам пелена обавезно миење раце зошто може да те прифати и тебе, и иако на бебе ништо нема да му е, тебе ќе ти биде.