Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.796
    Пол:
    Женски
    Каде точно е на клиника амбулантата или што и да е, за скриниг за слух кај бебе?
     
  2. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    383
    Бебе на 1 месец не треба да е будно повеќе од 30-45 минути, толку му е прозорот на будност. Те разбирам, ова навистина е мачно, ама пробај кога ќе ја ставиш да спие пушти бел шум, стави некоја маица што ја имаш носено да и мириса на тебе, барем за дремките.
    И најди некоја активност за да го поминуваш времето, тој период јас ќе си сварев кафе, ќе си пуштев серија или ќе си читав книга, а бебе ќе спиеше на мене.
    Ако ти е за утеха, ќе ти фали овој период кога само цицка бара, а не постојано внимание, нишање, шетање по соби, играње и занимација. Камо сега да имав време да седам преку ден кафе и серија да терам.
    Убаво рече една членка, предади се и прај си нешто за себе додека бебе ти е закачено на цицка.
    Ќе помине :hug:

    Инаку не може да се намали хранливост на млекото, нема слабо/јако млеко, се прилагодува според потребите на бебето. Тоа што цица постојано е добро за имање млеко.
     
    Последна измена: 14 јануари 2025
    На WhiteCat33, Lady Miami, merriel0 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.796
    Пол:
    Женски
    Непостои намалена хранливост на млеко.
    Пробај со бели звуци . Отвори на јутуб, имаш еден куп.
    Пробај во количка стави ја и вози ја низ дома.
    Земи цуцла налик брадавица што се. Нип и бибс се такви.

    Ако не успее ова. Фаќаш позиција, наоѓаш добра серија, вода, нешто за грицкање до тебе и уживај. Ем ќе се одмориш, ем ќе ти одлета малце мислата, ем бебе ќе си спие/лежи со тебе.
     
    На merriel0, gwenst и Hinebrra им се допаѓа ова.
  4. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.320
    Допаѓања:
    4.697
    Пол:
    Женски
    Таа ти спие уствари на цицка не цица, затоа се буди ко ќе ја остаиш.
    Ај пробај измолзи се дај од шише ако пие нека поспие после ќе има сила за цицање, вака само се мачите и двете.
     
    На WhiteCat33, Dodo1, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Мене педојатаров ми вика: Бидејќи се испостави дека народов не мие раце хахахах, земи ракавици. Леле си викам до толку ли…
    Додо, измолзи се малку пред да и дадеш. Не стига до калоричниот дел, затоа е толку на града. Знам дека не можеш да ја гледаш како плаче, ама мораш да издржиш. Ќе плаче и ќе прекине. Пробај со шум, дожд и сл. Кај нас музика помага, и пуштам и играме заедно и ќути. Те молам викни ја Јасна. Ќе ти помогне многу, 1200 денари зема. Овој хаотичен период на лудило од хормони не ти е потребно уште психички да скренеш. Верувај ми и викни ја Јасна.
     
    На FarfallaBlu, silvana4, merriel0 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    И јас би те советувала да ја побараш Јасна. Ќе ти даде убави совети и ќе те смири, ќе ти даде елан. Мене и за двете многу ми помогна, за втрово повеќе ми беше психичка поддршка и јас се погубив, а ќе речеш веќе едно сум поминала. Најважно е да не се потресуваш и да не се откажеш, ќе биде сѐ полесно и поубаво како ќе расте. Првите 40 дена се учите и вие и бебенцето.
     
    На Feniksgirl, FarfallaBlu и merriel0 им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.246
    Допаѓања:
    18.358
    На уво нос и грло,кај токсикологија
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    8.110
    Пол:
    Женски
    Јас бев во слична ситуација.
    По пола саат на града, вака, онака се местам, тој влече, па заспие, па се смее, па се протега, па ќе си игра.
    Го тргнам после саат време, одма плачење. Си викам детево е гладно. Давам ад, се смирува и заспива.
    Не знам, од мене не се најадуваше.
    Толку имаат и сила де, мали се, ама во болница 5 дена на шише, полесно така, не ги носат да ги доеме, само еднаш пробавме. Ниту знаев да го држам, ниту да го наместам.
    Дома исто, болки од раната оти царски, болки од анестезија, ова јади, тоа пиј, одмолзувај се(едвај вадев 40мл, раце ми се фатат) па и баби, тетки со глупите прашања дали цицал и таман бев на раб на лудило.

    Се пробав, месец и пол комбинирано и кога почнаа грчевите нејќеше никако на цицка и преминавме на ад.
    Не ти пишувам да те демотивирам, ти кажувам како минав, еве ти пишале членки за таа Јасна, може ќе ти помогне.

    Ако не се осеќаш ок, твоја е одлуката за доење. Битно е ти да си добра, дете може и на формула. Ни прво ни последно.

    Мене искрено од се што ми се случи ми се одмили доењето, а толку сакав, ама ете..не е баш како од рекламите што гледаме.
    За второ здравје ама ич не се замарам.
     
    На Kala22, Dodo1, FarfallaBlu и 3 други им се допаѓа ова.
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор се согласувам. @Dodo1 ти пишав лп за ова.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.796
    Пол:
    Женски
    Има посебен дел за бебињава или како е? Кога ќе влезам на кај да се движам? Да не ја влечам натака навака додека најдеме.
     
  11. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    977
    Пол:
    Женски
    Ланолин медела пробај за брадавиците. Чим толку те боли не правиш нешто како што треба. Затоа тука е Јасна.

    Ја буквално си имав направено замок на пола кревет од перници и имав наместено фотеља. И се шетав од едно до друго. Ми беа направени да е безбедно да ми заспие у раце бебла.
    И перница меѓу беба и нозете... Ќе пробуваш ќе си најдеш начин...

    Инаку тоа е со доенчиња... Иста бев и јас. И сеуште еве 6м она на цицка ми дреме, спие и цица. Дневни дремки знае само да сака у раце. Ретко сама да спие. Освен што им е хранење цицањето, и начин на топлина и наша близина.

    Како да ја сфатиш? Замисли, мама да може да те гушне и да и спиеш во прегратки, сите грижи да исчезнат...:sun:

    Убаво те советувале сите што пишале. Браво девојки, колку преубава заедница :muscle:
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
    На flower55555, Dodo1, Liza38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.796
    Пол:
    Женски
    Како јас да пишував.
    Повеќе притисокот ме џвакаше, отколку било што.
    Расте и на АД. Не е ни прва ни последна.
    Она најадена и среќна, јас уште повеќе.
    Најголема желба ми беше да дојам, ама мојата психичка состојба и тоа детето да има мирна и мајка која не е нервозна, немаат цена.
     
    На flower55555, FarfallaBlu, gwenst и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.414
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Јас за првото бев со притисок дека мора мора мора да се дои. Таа гладна, плаче секоја вечер ја бутај цицката. Дур не почна со храна вриштеше бебе ама ја будала слушај ги сите, не бебе, хемија било ад.
    Еве го синко сега 2 мес само доење, почна да ми вришти навечер, до 3 мес комбинирано, после само ад и еве го жив, здрав, со 2 кила повеќе од сестра му што беше на 7 мес. Седна порано од нејзе, пролазе и застана на нозе на иста возраст ко нејзе.
    Баба ми 85 години и единствена што ми има речено убаво си направи со второво ама па она ги доела татко ми и чичко ми до 3 год, ваљда уште трауми има....
    И најглупо прашање што секогаш го добивам од околина а зошто не цица???? Викам зашто ја така сакам и си заќутуваат. Они безобразни, ја уште побезобразна.
     
    На flower55555, baguf4e, Lady Miami и 2 други им се допаѓа ова.
  14. FarfallaBlu

    FarfallaBlu Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Го поминав истото, можеш да ѕирнеш по форумов истите маки и плус глупави и демотивирачки совети од педијатар, без јасни насоки. Си одев до плачење дома секој преглед од кај педијатар (го сменав после редовните контроли). Да не беше Јасна како што спомнаа неколку девојки тука, јас после третата недела ќе се откажев. Мислев немам млеко воопшто и дека детето ми е гладно. Давав Ад според насоки од педијатар за доза и комбинирана исхрана дур не почна еден ден од секаде да повраќа, уште од очи што не му излезе АД. тогаш одлучив дека навистина ми треба помош и тоа беше Јасна. Првиот пат ми даде насоки, другите пати ја викнав само за да ми даде психичка поддршка. Толку ме смири што уште втората недела после нејзината посета скроз префрлив на ексклузивно доење. Побарај ја Јасна ќе ја најдеш на инстаграм, барем за твојата психа.
     
    На flower55555, Lady Miami, Dodo1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.246
    Допаѓања:
    18.358
    Нема,за жал на исто место се сите возрасти,плус горе на спрат,по скали,без лифт. Нека дојде некој со тебе,ти почекај долу со детето додека ја даде книшката на шалтер па да се качиш. Да не се мешаш многу со останатите пациенти.
     
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.796
    Пол:
    Женски
    Со маж ми ќе идеме заедно. А запазени се термините?
     
  17. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Исто. Само што сме на доење па знае и почесто да се буди. Околу 4-5 се буди како расонет, се најадува и само во раце заспива... ова претходно никогаш се нема случено. Ама ете вчера се појави први запче, па ке здивнаќеме кај и да е. Ми се спие ми се плаче.
     
  18. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Не оди толку до детали. Грчевите и гасовите не се одвоени едно од друго. Ке има гасови и после првиот месец само сега стомачето уште е чувствително и има и грчеви. Според ова што го опиша личи на грчеви. Еспумисан му помогна на моето бебе. Пробај давај и опушти се.
     
  19. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.037
    Пол:
    Женски
    Еве сабајлево во 7 почна да се фрли во сон, до 9 сабајле. Наеднаш се искака и и помина и сеа не знам дали беа грчеви тоа ме буни
     
  20. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Толку е мало што и какањето е посебен настан. На моето му давав еспумисан кога глефам дека се мачи. Пред доење или ако не цица во флашиче на цуце. И ке се смири и ке се искака. Сега се смее кога кака :)
    Ова со нон стоп на цицка исти бевме. Ни најадено ни гладно. Само јас со царски бев, па немав одма млеко и два пати во ден давав 30 мл ад. И тогаш малку ке одморев после цело време на цицка. И мене ми беше страв дека нит најадено нит гладно е, дека не стига до мрсниот дел од млекото... на крај на прв месец 1.300.
    Ама такво си е бебето, не влече силно и малку ке касне и заспива. Се уморува бргу. Не е до тебе такаво е бебето. Ако ти треба малку одмор, или измолзи се дај му наеднаш да се најаде од цуце или ад дај. Од свое иксуство јас би седнала во фотеља и ке си пуштам тв. Така и правев. Само немаше кој да ме најаде.
    Ако ти е за утеха поминува. Втор месец дури фати ред за спиење и будење. Прв месец хаос бевме. И јас бев со мисла дека може подобро на ад да поминеме. Ама после ми се регулира и let down реглексот и почна да бива и поднајаден. Батали муабет најадено дете спие и колку треба да е будно. Тоа срце уште не знае дека не е во стомакот. И бараат цице за да му бидеш тука. Ако сакаш да доиш издржи уште месец дена.
    Да знаев ко тебе во тој момент да побарам совет од некој... јас си седев дома и си патев... и си викав нешто не правам во ред. Мислев млеко немам, па ад давај. После ад спие подолго пошто и потешко се вари.
     
    На merriel0, FarfallaBlu и sani99 им се допаѓа ова.