Како ама какооооо да му објаснам на мм дека и за болка можеме сируп да дадеме. Ме полудува човеков на моменти.
Ако имаш далерон,пишува во упатството дека сирупот е и за болка. Како ние што пиеме парацетамол и за тт и за болка.
Молим те душо, да ти оставам бројче да му кажеш на мм Вие незнаете со која паника човек живеам и како се иде по ,,протоколи”.
Спиеше, цицаше и се разбуди со силно плачење и вознемиреност. Пола саат е ваков и не се смирува, а баш убаво си спиеше пред тоа.
Ние на 2 месеци(првите)што се тие ги примивме исто кемкави цели два дена. Температура немаше ама јас ставив чепче првата вечер и се смири . Тука ми кажаа дека можит чепче мислам ,ама се јавив и на док ми кажа ако ептен е вознемирена едно можит.
И ние пробавме со сите можни, дадов куп пари. Ги плука како рафал или прави ако најдете решение кажувајте
Леле мажи, сите исти Јас си давам, не го слушам воопшто. Поарно тој да се мршти отколку беба да плачи
Ништо не помогна, на крај во 1 заспа на мене. Цел ден залепена беше до мене. Само тоа ја смируваше. И еве ја уште спие, зашто вчера не спиеше воопшто. Не крена температура, само кенкава беше. Се надевам денес ќе е подобро.
Дали ги повивате бебињата за спиење? Премногу се штрека и се буди, пред две вечери сама си заспиваше со цуцла таман реков ја навикнав, четири пати заспа и се штрекна се разбуди и на крај пак огладне, и пак на цицка заспа Се мислам да пробам така една вечер иако е склетџика ама би пробала
Со првите вакцини исто поминавме. Не знам дали дека беше помало.. Сега со ревакцините немавме никакво гајле. Не се секирај, и да качи температура, знаеш од што е, ништо страшно. Мене ми крена првиот пат 38.2. Со една доза сируп му спадна. Маки, ама ќе се издржи
Тоа е моро рефлекс и ќе исчезне до кај 5-6 месеци. Ако така повиена ти спие, повивај ја. Штом така не ти се буди пробај. Со мојава не успеа тоа, мора раце горе да и се и така спие и ден денес.
Ако мислиш на фишек, во Ремедика ни кажаа само за време на грчеви такво повивање, а за спиење не. Иако ние два пати така го оставивме да спие зошто многу се мачеше и секако до него седевме да го пратиме и ваквото повивање покажа најголем ефект. Мм буквално се бореше со него да го повие од што премногу мрдаше и плачеше.
А па мислиш дека се знае? Не не не. Едно време се смири малце, бидејќи имавме разговор, ете го пак почна.