Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Нема каква цуцла веќе немам дома, чико,нук,, за 6м за 2м , гумени, силиконски секакви... не е до нив дефинитивно
    п.с. секогаш ја ставам на града но кога нема млеко џабе е само влече на празно
     
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Пробај со шприцили ако не колкави сте почнавте ли да пробувате кашички ако да стави и малку пасирана банана во малку млеко и види пробај. Да не и прави гасови да не ја напиња . Ние така се чудевме детево бегаше од цуцлата ја тегнеше или ја вртеше главата без даја пушти цуцлата кога наеднаш почна д апрди сфативме дека или во тие моменти добива грчеви или се напиња било како било во прашање беа гасови па почнав во секое шишенце еспумисани сега ни с емачни првите 3 мин потоа се смирува . Инаку од вчера сме на бели звуци и денес пу пу дане се урочам супер ние . Оваго слушаме ние наместено на рипит
    http://www.youtube.com/watch?v=vfTUuZ1QY1w
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    И со шприц пробав, исто , ништо не направивме.
    Скоро 3ипол месеци сме, ама две недели ништо не менуваат. Ќе пробам со кашички, да видам до вечер како ќе бидеме.
    Еспумисан давав кога имаше грчеви, сега за од таа страна ми делува некако средена т.е. по средена работата, затоа ги прекинав.
    ЌЕ пробаме и со овие шумовите, само мене ме збеснуваат, како ќе ја смират неа незнам :tmi:
     
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Рутината ни е иста на пример заспива кај мене во раце или додека јаде како и секогаш само што јас и пеам потивко а во позадина си идат овие откако ќе ја легнам шумовите си продолжуваат да си шушкаат е сега мене не ме нервираат може и тоа има врска. А без овие заспива и штом ќе ја легнам се буди а со овие си спие мирно дури почнав да и ги пуштам додека јаде :D мада мислам дека тогаш нема промени
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Меу како растат бебињата се помалку време им треба за да ја испразнат градата,а притоа да бидат најадени.Е сега јас не можам да знам дали ти имаш или немаш млеко и дали малата е најадена или не.Ако можеш измери ја пред и после цицање за да видиш дали и колку одприлика млеко испила.Провери и ги и непцата да не се спрема некој заб,па затоа вака да реагира(знам дека заби никнуваат кај 6 месеци,но на мојата непцето и се зацрвени и потече на 3,5 месеци).
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    meU те прочитав и прееска и искрено мислев што да пишам.
    Гледам дека малата ти е 3 и пол месеци и дека си имате мака со јадење. Прочитав дека си и` дала сокче, јас мислам дека си избрзала и дека многу ви е рано, со дохрана би требало да почнете барем со полни 4 месеци. Сокчето моментално ќе ја засити и само ќе и` го дразни мешето да кака полесно, а за кашички прерано е... поготово овошни.
    Јас да сум на твое место или би го сменила АД млекото или би сварила ориз и би и` дала од оризовата водичка полека со лажичка. Татко ми ми има кажано дека порано во село кога мајката немала млеко на овој начин ги ранеле бебињата, некои пак им давале брашно растворено во вода, ама ова не би го дала.
    Прашај си педијатар дали смееш толку рано да даваш дохрана. :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас го имав тој проблем,значи ги пробав и сите вештачки млека и не сакаше ама тотално ништо,ај што извадивме забче на 4 месеца и плус тогаш му дадов кравјо разредено битолско,зошто ниедно не сакаше од ад да го мирисне,го прифати малце заблажено со шеќер,и јас како тебе не музики,не правосмукалки не незнам што не пуштав дома за да се смири,разликата е во тоа што јас имав многу млеко и он супер си напредуваше но не му стасувало и додека откривме ај да не речам веќе беше касно и ден денеска ја имаме таа навика дојде ли период за јадење ние вриштеме пиштеме и таа педијатарка ми рече дека со тек на време ќе се среди ама тоа е тоа,не знам не ти препорачувам да пробаш ама размисли си ако не сака вештачко кравјо мене само тоа ми беше спасот
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    meu мила најубаво појдете на педијатар, ако не сака ад тогаш консултирај се и пробај кравјо млеко ама сепак најубаво да се консултираш со педијатар..
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Конечно во 17:30ч испи 120мл(пред ова последно јадење беше во 11:30ч, а пред тоа во 06ч.). Сега пред 40мин цицаше, најнормално(имав доволно млеко насоберено).
    Ова и е се што има изедено денес, значи до сега 3 пати.
    Сокче и давав со лажичка и не и се собра ни 5мл да испие. Не давам сеуште со шише, барем додека да се навикне.
    Земав и кашичка млечна на Хумана, со гриз и ванила, па утре ќе пробам малку со неа. Ова не би требало да е проблем зошто самата кашичка си има АД во неа, а се меша со вода. Во понеделник ќе одам по упут за крв, па ќе разговарам со матичната :?:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас мислам дека бебето ти е мало за дохранување уште флората на цревата се формира така да со кашички по 5-от или 6-от месец мислам дека адаптирано млеко нема да ти прифати, ниту цуцлите пробај со ампулите од зегин што се вдишуваат за да ти надоаѓа млеко, пиј повеќе боза или купи го чајот од билна аптека за долки што е .
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    ова ме учеа во болница, се надевам ќе ти успее:
    ти треба тенко стерилно чевче сонда, треба да има во аптека.
    спреми ад млеко или измолзи твое и стави го во чашка, потопи ја сондата и стави и го твоето мало прсте во уста. кога ќе почне да цица полека од работ на устата протни го чевчето (тоа е околу 2 или 3 мм во дијаметар). Како ти го цица прстето и млеко ќе влече.
    Јас така правев и успева треба само внимателно да се изведе опрацијава :)
    а за млекото мораш да се одмолзуваш и стимулираш секои 3 или 4 часа затоа што ако она не цица ќе ти секне млекото па што сакаш пиј ти.
    поздрав
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    cecilia, мојава е голема за такво нешто. Кога дојдовме од болница и со шприц немавме проблем, ама сега...
    АИТ абе малку па ти, пивце за живце :rofl: Не сум пробала, причина:татко и е дома па си ја нахрани без проблем.
    Изгледа во мене е проблемот, незнам што ќе се прави, по цлеи денови сме си сами, и никако не ми јаде. Маж ми за 2сек и го стави шишето во уста, она уште збунета, си 90мл испи без глас. |(

    Нешто не е како што треба работава, нека дојде некој да ме истепа да ми дојде паметот, па да видам што грешам ;(
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу мислам оти им е некоја фаза. Мојов малкуцка е постар од цуцето твое и еве го од бубалче начулил уши да ми негодува, да одбива да јаде, да е нервозен...Сака само да го шеташ низ стан, да лечи и да му збориш или сам да си игра, раце бута само во уста и гуга си кажува нешто по негово. Мм му купил глодалка па се дружи со неа да ги куртулиме рацете. Кога го хранам е со молење да речам, се мршти глава врти не бре братко. Па успеваме некако да се залаќеме со цуцлата лажалка, па одма вади дутај цице и така дури не или се најаде. Денски еве го почна два пати по мин да ми спие, а на вечер ја имам таа среќа да заспие во 8 или 9 и 30 па до кај 9 или 11 спие со еднаш, евентуално 2 пати станување. Се тешам оти ќе пројде...Ќе видиме на нареднава месечна контрола колку се поправил па да знам кое чаре да го барам. Млеко за извоз ама ајде натерај го со сила. Само на вечер ми успева убаво да го најадам онака во полу сон инаку денски, маратон на рати. Ѕверче мое, ама нека, ми смази 1 килце, колку толку му опростувам :lol: Само да му ја смислам како да средиме со денсково цицање...
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    Мамички како им ги подгревате кашичките на вашите бебушчиња, јас во микробранова за половина минутка ќе се затопли, но свекрва ми ми спомна нешто било штетно за бебето што во микробранова му го подгрејувам оброкот.. вие како го подгревате, дали некој слушнал нешто вакво? Јас лично сметам дека ова нема врска, но сепак да споделиме мислење :)
     
  15. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    јас имам греац ама ретко ги ставм таму кашата ја префрлам во тањирче и на термо печка се топли а тоа за микровална бабини деветини остај стари луге се несто по нивно јес да некогаш добро кажуваат ама 90% не се за слушање демек они се знаат ја не ги ни слушам никого
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.173
    Пол:
    Женски
    Па и јас никогаш не користам микробранова за малиот, а за нас пак мнооогу ретко. Се што има хранливо, се уништува со загревањето во неа. Ако правиш домашна каша, стави ја во тегличка од купечка, загреј на во ѓезве со топла вода. Исто и за купечките, ако веќе сакаш да бидат топли.
    Овошните каши не мора да бидат топли, па ни зеленчуковите, ама зависи од вкусот. Топла храна не е препорачлива за желудникот.
     
    На meU и Moira им се допаѓа ова.
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас кога купував каши ги топлев во микробранова ама не ги вжештував да се уништат хранливите состојки туку да се замлачи да не е ладна од фрижидер.
     
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Мојава од денеска пак почна да забушава со хранењето пак сме јади јади плачи плачи само што ќе шмукне од млекото почнува да плаче т.е почнува само што ќе ја седнам во позиција за хранење и се смирува па кога ќе шмукне од млекото пак почнува ако шмукне чај си продолжува да шмука развоја фаза ли е се утепува од пиење чај па правам бутни чај штом почне да шмука бутни млеко цуцлите се исти и на чајот и на млекото со тоа што таа замлеко има малку поголем отвор зедов ги заменив пак иста песна навистина не знам што е работава .Пробав со лажиче плука . Прееска ја хранев во релаксатор некако успеав да натерам да шмукне 70 мл со сила немаше каде да ја трга главата наназад :tmi: Некој совет ? едино дане и е поблаг чајот па затоа дане г осака ама ивода пиеше ако и понудев се освен млеко :doh:
     
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    е знам надвор ептен од темава али како да ги поставам сликите сто ги имате скоро сите со моето бебе е старо толку и толку јас направив такво lilypie ама незнам како :sweat:
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мамички да ве прашам , бебушко мој не е какан ни вчера и денес, нормално е тоа?? инаку вчера бевме речиси цел ден на вештачко млеко, може да му е од тоа??
    а претходните денови се какавме по неколку пати на ден, ама тогаш со цицавме млекце ;)