Cel den bara da cica bukvalno i neznam kako da postapam znam deka e prejadena ama sto da pravam koga bara a neli ad e na 3h doenje e slobodno koga sakat oni
Бебе е 5+++. Сеуште не се врти од грб на стомак и обратно. Вака цврст е, се поткрева за да седи, од премногу мал стабилно држеше главче и го креваше, баш и педијатар и ортопед искоментираа. Дали има причина за грижа заради вртењево или има време сеуште? Не знам дали да го носам некаде.. Ми рекоа мрзелив е.. Се мислам дали сум и јас крива што едвај 10мин е на под и тоа не секој ден..ама кога и да го ставам плаче и се нервира, на меше на под исто..стимулација со играчки едвај 10 минути издржува. И обавезно повраќа на под Вака на кревет вежбаме вртење со помош и лево десно со склопчени раче-ноџе..се врти со минимална помош од прекрстување на едната нога или ако со раче се придржува за мојот прст. Што мислите?
Na 2 meseca koj vakcini se primaat gledam spomnuvate poveke nas maticnava samo rota mi ja kaza sega vo 11 nedela
Вежбај го таа вежба со прекрстување ноџе за превртување, и ставај му играчки десно лево за да му поттикнееш стимул...
Моето на 25 праве 7. Од меше на стомак не се врте. Од грб на меше само на десно. На лево морам јас да го насочам, како да не ја регистрира таа страна, само што го легнам, оде на десно. И мојот е мрзелив. Додека да почне да сака на меше, време мина, беше околу 4 месеци. Претходно ни 5 минути со плачки. И сега кога ќе му скисне на подлога, вика да го земам. Не му текнува да се сврте на грб и да се одмара. Јас купив играчки со светлечки и музички ефекти, се движат, пеат, па му е интересно да ги глеса и леже. Имаме и водена подлога, и на неа сака.
Баш го прашав ортопедот Тони Талески за вртење од меше на грбче дека и син ми не се вртеше, тој рече дека тоа не е битно и не го бараат тоа, битно е од грб на меше да се врти.
Значи не можам со неспиењево, кажувај те чаре. Се будеше на два три саати, сега почна да прета на саат ипол, јас стварно не знам што и е. Цела вечер или ја нишкам или е на цицка. Ај скок викав ама скоков не трае толку долг, 4 месеци сега ќе полни поминат е. Почнав да мислам дека цицањево не и е доволно, што да правам кажете? Како да споиме сон, ќе скренам ид неспиење. Што убаво на почетокот и до 4 и пол саати си спојуваше. И градите веќе не ми се полни зошто она цела вечер по мслце цицнува и задремува па пак ќе стане и пак малце цицнува. Така цела вечер.
Седи со него на подлога и занимавај до играчки и моето на почеток нејќеше да седи на подлога сега смр по цели денови на подлога
Ич да не се секираш. Мојата никако неќеше на под да седи , на меше . Ама никако. Исто викаа мрзелива е такво е детето. Ама затоа сакаше да седи уште на 4 месеци . Уживање и беше во седечка положба. Јас го слушав Видоевски. Тој ми велеше "остај го детето мајка само ке ѕи каже што сака " Ако сака да седи на 5 месеци остај ја да седи.Не ја напнувај и притискај дека мора да седи на стомак или да лази. И така направив. Се го слушав И ја се секирав ко тебе па на крај од седење директ прооде . На една година веќе одеше.
А и јас што сум пишала, од меше на стомак. Ама, 4 сабајле, оправдано, битно сте ме разбрале Моето пак ич не покажува знаци за лазење. Знам дека не мора да лазе, може ќе прооде, ама некако не се исправа, да се подигне. Повеќе на стомакот се потпира и се влече по подлога.
И син ми не лази, тој се ротира на подлогата во круг и се бутка со рацете наназад. Дига раце и нозе истовремено и “плива”. Пред една недела бевме на ортопед и супер е се, му ги провери точките кои покажуваат дали фали вит Д и ни рече нема потреба да прима плус да си останеме на babytol една капсула омега + вит Д. Рече можно е прво да се исправи па потоа да лази. Сега најново од седење се мести за лазење ама пак завршува на меше и многу е смешен.
Е исто. Се врте во круг, се бутка наназад и плива. Баш така. Бевме и ние пред некој ден, се е ок, исто вит.д со омега и чист д да продолжеме.
11та недела сме, му се спие овие три дена ама никако да дремне подолго денски. Мислам од вакцините е вознемирен, ќе дремне кратко и се буди со плачење. Плаче, црвенее и обично во раце се смирува. Во раце заспива, ама штом го ставам во креветче или на спална се буди одма. Дали сега има некој скок можеби?
И мојата несака воопшто на меше да лежи на подлога. Сака вака на грбче и таа си оди само лево, десно на страна. Бабицата ми рече исто да ја вежбам барем 7 пати на ден. Него дајте ми совет, имам спомнувано како се роди бебе дека премногу хрче. Прво беше ајде се чисти од плодова вода, ама сега бетер е. 4 месеци имаме и премногу и се осеќа како да е полна со секрети. Не е настината и незнам колку пати во почетокот ја носевме на доктор, дури докторката почна со коментари многу често сме се гледале. И се велеше полошо звучи отколку што е. Надворешно и се различни дупчињата на носето и на еден месец ја водевме и со камера и бркаа во носето да видат дали има искривување и внатрешно. Ама ни рекоа дека само надворешно естетски е така. Посебно кога пие млеко премногу се слуша и и смета и на неа. Се буди неможе убаво да спие. Едно време се мислев дали да дадам лој од гуска, читав доста позитивни коментари, ама и читав дека на толку мало бебе не се дава. Т.е поделени се мислењата за тоа. Мене ми е страв кога ќе почне да ги чисти шлајмовите дали ќе може да се избори со нив. Чистиме носе прво со капки, па зедов спреј ама ништо не излегува, чистам со носко. Премногу ми е страв и веќе незнам што и како да постапам со моето бебе, а гледам дека се мачи. Ако некоја има некој совет или решение нека ми пише, ќе бидам благодарна.
Исти сме, 10 недели сме. Исти и се дупчињата.. констатирано е дека е од сув воздух. Го чекам навлажнувачот. Па ќе според разлика.. не знам веќе што не пробав.
Нее каков широк повој во минатото е тоа. Моево не пушташе ни вежби никако и ми беше страв да не ја повредам на сила и не правевме вежби ама еве ја добра си е сега