Кај нас не беше така. На 2 ипол месеци 1 доза, на 3 ипол 2 доза. Поточно 11.9 па 16.10. 3 доза со полни 6.
Да пробаш во креветчето да ставиш гнездо и така да спие... Ќе и биде и потопло. И цуцла лажалка стави и штом ја тргнеш од цице. Јас досега немам спиено на спална заедно со моето. Не ни сум пробала, некако мислам нема да сум раат од што ќе го мислам цела вечер, да не го смачкам хахаха. Тоа со заедничко спиење може да остани навика. Колку случаеви ги знам..
Можи да е различно .... Бебуш прими сега на 2 месеци една на 4 имам термин за друга рота и плус сите останати со беа на 2 месеци ревакцинација . А на 3 месеци има уште една али ја заборавив за што беше
Кај нас во книшка се пишани дитепер и детска парализа. Првиот пат беше рота и 2 во бут. Исто и вториот. Третиот рота и 1 боцка.
Ќе пробам со гнездо.. цуцлата ја повраќа мислиш којзнае што и давам да цица одма се мршти и заплакува. Се тешам дека уште е рано за да си створи ваква навика да спие со мене. А колку бев против тоа ахх
Моето од прв ден така спие, со гнездото во креветчето. Испробувај се што ќе ти дојде на ум. Барем ќе си одмориш ако спиете посебно. А цуцлата да не не и е погодена? Барај некоја налик на брадавица, бибс, Авент.. Мојот не држи цуцла цело време. Само додека се успие и после ја фрла Ние имаме Авент ultra air и супер ја прифати
Тука некаде сме, неколку денови разлика. Преку ден знае сам да заспие, ако ептен не сака тогаш легнувам до него, галам по главче и заспива за минутка. Навечер најчесто заспива на града откако ќе се нацица и тогаш во креветче не се буди. Ако се разбуди пуштам бели звуци и нишкам креветче. Ама некогаш и ова не помага, па пак земам во раце, го легнувам на гради, покривам со ќебенце и нишкам. И мене очајно ми треба сон, мојов се буди на 2-2ипол часа за цицање, ретко на 3. Да врзе 5 часа ноќеска премија ќе ми биде
Таму добро. Не беше толку плачење, зајдување како првиот пат. Ротата ја исповрати одма, ама дека се напрегаше , па и дадоа уште пола доза. Цел ден супер, пред некое време и варираше тем од 37 до 38. Па до сега се боревме за заспие. На крај во количка заспа некако.
Бебе е два месеци и деновиве почна рачето во уста, прсти става, јазиче исплазува. Читав нормално е, ама сепак да прашам, буквално го шмука рачето.
Најнормално. Па кога ќе почне уште да се лигави Мојот цела рака ја става во уста и повраќа хахаха Време е за глодалки мајче.
Е исто, стави прст вчера и му се слоши па бљуцна и се расплака. имам купено глодалка, ама мислев понатака за заби кога ќе почнат дека се дава.
Јас веднаш штом почна да пика раце во уста му дадов. Меки се и тие 4м сме еве уште истиот е. Со еден куп глодалки околу него
Мајки кои од доење на 1, 2 месеци преминале на адаптирано . Како знаете дека треба да се премине на адаптирано ? Јас имам млеко дур не примивме вакцина на 2 месеци све беше ок , после као од вакцината па настинато бебе не сака да цица . Два дена од неделата вечер до вчера вечер се врати на цицање убаво , од сношти пак не сака да ми цица се гади од градата и вришти ќе фати ќе поцица 4 5 мин и одма заспива. Јас млеко имам се одмолзувам незнае да фати шише не го сака , пробав и адаптиранп да и дадам незнае да фати менав шишиња 3 4 не сака. Сите ми викаат имаш нешто јадено, јас на таква здрава исхрана до сега не сум била. Ништо не јадам што би можело да и смета . На доктор незнаат што да ми кажат и само давај чепчиња . Ќе збудалам