Ааа хахах, лошо сфатив. Овој истиов гвенст што го има нарачано. Не е стигнат за да видам што како. Се надевам неделава ќе биде, па ќе ти споделам искуство.
Мене навлажнувачот по пола литро вода ми испушта навечер. Девојки ова е скроз малецко... Ама ајде чекаме ривју
Исто и јас 2 порачав, за во спалната најмногу сакав да пробам. Знам дека не е за голема квадратура, ама ќе видиме дали ќе брка работа за во спална
Јас од топ шоп го земав тоа. Само мало му е тоа резервоарчето за вода, три саати мислам може да тера. Навечер се будам и го дополнувам за да врти цела вечер.
Мене така ми стои Бекутанот еднаш дали и направив многу мака пред месец-два коа имавме.. и тоа паметњакович јас цела туба купив... коа го пробав... Тулумба. А за возрасни од анасон си го пијам јас често...
Ако му одговара не менувај. И јас давав Бекутан. Педијатар ми препорача, не е на своја рака. Не е страшно.
Како за моето дете да збориш, исто уште малку 6 месеци. Веќе се крева и придржува да седне. Цврст е баш ама мотивација за вртење нула. Ортопед рече дека има уште време дека не може се наеднаш. Инаку кремата за газе или вл марамици ако му стојат од стр ке се врти да ги земе со минимална моја помош. За играчка не е мотивиран некако. Јас форсирам на меше иако ни тој нејќеше. Лежев со него на под за да останува подолго. И сега знае и сам кога седи да се пружи по играчка и дансе дочека на меше и не се буни. Не прескокнувајте на меше ако е цврст. Пред 3 недели му донесоа за подарок и подлога што се пуни со вода со играчки, интоа го мотовира плус да е подолго на меше.
Значи ме чуди што на меше скроз ги исправа рацете, се издига и се бута наназад иде се движи по 1м на подлогата. И 360 се врти по играчка кога е на меше зошто се такви као лизгави коцки. Докторкава ми вика дека тоа многу пред време го прави и ќе пролази многу порано можеби, а не се врти заради тоа што не може газот да го подигне Не ми е јасно и мене како да прескокне нешто толку лесно едноставно, а си се движи..инаку газот и бутките му се многу подебели.меше нема дебело, нема образи..ама таму машала