Zdravo druški. Mojava beba nikako ne prifakja hrana, ovošje, zelenčuk, odbiva. I toa nešto ako piknam odma se davi i go pluka. Nekolku pati i imam dadeno taka mala količina kako za pola obrok, se ispovrakja so šlajmovi a ne beše nastinata, noseto čisto i mi se nafrla, ne baš nafrla, ama se zacrveni vo liceto. Ništo ne prifakja osven mleko bilo cice bilo ad. Inaku i mlekoto si go povrakja, nekoj pat vo mlazovi, nekoj pat kako bljuckynje. Probav i kašičkata vo šišence da i ja dadam kolku da proba vkus, ama jok. Plački, urlanje. 5 m i 3 nedeli e. Povekje pedijtri mi kažaa mora obrok, mleko vekje ne e dovolno. Inače so kg e ok. Što da pravam???
Јас мислам дека не ти е спремна за кашички уште. Бебиња тек после 6 ти месец почнуваат со вкусови. Со комшиката се сретнав, на 6 полни, почнаа со вкусови. Вика педијатарката ми кажа супер напреднува со млекце( цица) , да не ја брзаме, полека ќе си почнете.
Моето се заврте точно на 4 месеци, на десно. На лево еве вежбаме овие денови, и јас со него на подлога, ама кога го спуштам сам одма на десно и си легнува на меше. Од пред 2 дена приметив почна газот да го дига и се нервира, хаха. И моето си има газе, бутки, ама и образи. 9.5кг е, 7 месеци.
Со твое молзено или со ад нешто измешано да пробаш да и дадеш и да експериментираш со густина. Да видиш дали сака погусто или поретко. Компир на пример, или рижолино. И подобро да е поретко да не и направат запек. Друго што ми текнува е тиква дека оди со млеко. Што и да и направиш, седни ја кога седнувате сите на маса или барем и ти кога јадеш. И баш јади си, па лажичка кон неа.
Не форсирај. Секаде во светот се почнува од 6 месеци (освен ако бебе не напредува), само кај нас се запнале уште од 4 месеци. Има време, цел живот ќе јади. Јас почнав на 5 месеци и 1 недела оти ме напна педијатар, што сум чекала и бебе првата недела не отвори уста, едвај пола лажиче. Значи ти можеш да нудиш, ако не сака бебе, не му пикај со сила, само аверзија ќе му створиш, па ќе плачи кога ќе види лажичка. После полека почна да има интерес и ете си јади сега, ама пак има денови кога не е расположен, не јади количински и слично и не форсирам, секако млекото му е примарна храна. И поентата на воведување вкусови е бебето да започнува со цврста храна, ако е толку течна за да се дава со шише, нема поента. Почекајте една недела, пробајте пак ама со нудење, не со форсирање.
Мојава уште не се врти скроз. Како се врти малце, ама не она убаво. Уште малце 5 ќе прави. За машала е, 8 кг е, бутки, образи за штипење колку сакаш.
Истово дојдов да го пишам. Ние почнавме на 5ипол, ме советуваа прво зеленчук неутрално. Дадов морковче и тој ден од памет ме извади. Се тресеше, гаг рефлекс со страшни нагони на повраќање и дури се спушташе надоле во хранилката главата си ја криеше. Многу невообичаена реакција. Ми рече др тој ден упорно на маса да го држам во рака додека јадам и најгласно што може да шматам и џвакам. Сабајлето да пробам да му дадам јаболче на хип ( каша што немало бебе што не ја сака ми рече ) и ако пак има таква реакција да го остаам и да почекам 1 нед. Пак да пробам со истото. Ако е пак така уште 1 недела. Но, утрето моево си мљацна 3 лажички од кашата и еве за точно 2 недели воведов 6 вкуса и да може ќе изеде и фул порција му давам 10-15 лажички. Причината за реакцијата на морковот беше што не му се свиѓа, отпосле 3 дена му го давав со јаболче и пак фаци правеше и плукаше. А тиквица, круша, тиква, слива, јаболко капка не дава да му падне Ако има на силиконската лигавка, со прсти мачка и пика раце во уста Ако сакаш, послушај го советов мене што ми го дадоа
Можно е тежината да им смета, и нашата докторка така кажа. Ама, јас секој ден бев со него на подлога, вежбавме и се заврте. Ама, некогаш кога го фатила мрза, го пуштам и си леже само, не му се праве ништо. Нека се живи и здрави, нека си јадат. Јас сум ептен среќна што моето досега ништо нема одбиено. Нормално нешто повеќе сака, нешто му смета, ете гасови од кромид, ама некоја мака со јадење не сум видела. А се што треба ќе си направат во соодветен момент. Ете, моето не се врте од стомак на грб...
Од се правам скрин јас. После кога иде време гледам, пратам како е моето дете и применувам совет, што би и одговарало. Ама сум со ставот, ништо на сила. Ако несака, не мора сега. После, утре, за една недела, за еден месец ќе влезе во рутината на оброци