Искрено и мене малку паника ме фати. На мојот баш му се погоди ова млеко, бљуцка и тој уште ама ептен малку. А од обичното млазови... Уште 2 имам да ги истрошам и да бараме замена
Да е само антирефлуксно ќе ми беше сеедно . Ќе се најде ново веројатно. Нз сега што ќе правиме . Ќе морам да се консултирам дека уште не знаеме со сигурност дали е алергичен на кравји протеин. Има иначе и Бебелан и Аптамил АР. Исто и на ХИП има.
Имате ли искуство со почесто какање од вообичаено, бебе после кашички почна да кака да речам преку еден ден или еднаш во ден до два пати тоа беше околу месец дена, е сега веќе една недела кака после секое јадење, нормална не е течно така дијареа мислам не е, 5+++ сме, бевме на педијатар ама сакам да слушнам искуство доколку некој минел низ истово, извините на долгиот пост. Комбинирано сме ама повеќе на Ад
Најверојатно е во 4ти скок, ке ви треба време да фатите ритам со дневните дремки да се среди и ноќното, а за не будење навечер теоретски после 6тиот месец, но има бебиња што пред тоа врзуваат подолг сон има што до 1 година се будат навечер. Според мене, а и еден психолог гледав не е препорачливо да се прави sleep training на бебе. Кога тоа ке биде спремно кенврзува ноќ. Замисли гладно, плаче и ти го нушкаш цуцла му даваш. Тоа немоќно, бара утеха од единствената личност со која има таква силна врска и таа не му помага. Нушкај, гушкај, дои си дете, нема ова да трае вечно. 5тиот скок кај мене беше потрагичен. Ама и него го преживеавме
Слива, круша, јаболко, тиква па и од кајсија моето какаше повеќе. Сега се нормализира. Не знам што е тоа повеќе од обично. Не ми делувало дека има некоја мака. Јас ги следев каките да знам како му делува храната. Од некоја ке кака неколку пати, од некоја еднаш.
Па мислев е скок но долго веќе трае ова, ако не и повеќе од две недели. Се плашам да не се научи да јаде навечер и да и остане така.
Не знам дали е мака, да ги следам и јас, дека е почесто околу 6 7 пати во ден затоа прашувам, фала ти на одговорот ќе видам како ке бидеме
Непцињата рече педијатарот и се подуени, 4 месеци е. Кога се очекува да и никнат или нема право без разлика што и се подуенки? Ми даде гелче некое бејби дент. Искуства со него добар е? Или некој друг да земам? Знам дентинокс го даваа порано
Мајки јас земав пумпа, па малку сум изгубена Ве молам, вие што се измолзувате,кажете ми на колку време можам да се измолзувам, да пробам од едната града, а од другата да цица ? И после кога можам да го ставам пак да цица од таа што сум ја измолзила ? Второ, како се чува млекото, колку време може да стои, се расипува ли ? И колку милилитри е доста за бебе од 1 месец ? Кога цица, незнае колку му е доста,нонстоп бара,посебно навечер, и после повраќа.
Мајки ве молам дали некоја имала искуство со константна температура 37.2 / 37. кај бебе . Сега сме 5 месеци секогаш кога ќе измерам е толку. Ок е се со бебето . Педијатар вика нормално а јас некако сум загрижена не сум мирна. Ви благодарам
Така мислам и јас ама баш ги прашував другаркиве сите ми велат околу 36.7 дека имааѕ нивните бебиња. Се надевам се е ок . Ви благодарам
Да не знајш како да ги добијам овие од советувалиште? Ги барав на фиксен не работи, моб ми дадоа исклучен Да ја презакажам за др недела вакцината.. т.е да се консултирам дали да ја презакажам, јас, мм и големиот сме два дена со омалаксаност и болки во мускули друго ништо па незнам дали да ја прими вакцината утре
Мајки, малку сум збунета околу вакцините. Кога не пуштија од клиника ми кажаа дека примени се првите вакцини, дали може да ми кажете кои се тие бидејќи не ми пишува во картончето. Кога бевме на прегледи ни кажаа дека следна е рота на 2 ипол месеци. Читам дека некои испитале и крвна слика, а на нас никој не ни спомна такво нешто.
Овој број ми го даде патронажна 047/220-520. И јас звонев неколку пати, не секогаш можеш да ги добиеш, пробај околу 2--3 попладне.
прашање до мајките на машки деца: дали го отварате курето и колку често? Дали ставате некои креми или масло?
Пошто и јас и маж ми сме настинати, односно на маж ми му поминува, јас сум во полн ек, а имаме закажано вакцина во петок, 6 месеци е бебе, во иста ситуација сме. Јас денеска звонев да се консултирам др ми кажа да се оправиме сите и тогаш да одиме на вакцина наредна или понаредна недела, зошто да не е бебето во период на инкубација па плус вакцина да не се бафтаме со висока темп после. Е сега јас не сум од Ск, овој термин не е фиксен, не знам во Ск како функционира.