Мене ми бараа книшка од болницата за доказ за примени вакцини. Би требало да имаш некој документ. Крвна слика јас си барав, ден два пред вакцина проверивме.
На 2 месеци не испитувавме крвна слика, кога ја прими, тогаш ни дадоа упат од советувалиште за да испитаме крвна слика пред вакцините на 4 месеци.
Пробај неколку денови давај каши повеќе на компир, морков, ориз и сл. да видиш како ќе реагира. Кај нас беше обратно, со денови не какаше и од кога воведов маслиново во кашите, кака по неколку пати на ден и да ти кажам, ич не се жалам, поарно да се празни, него ли да се мачи со денови.
На тој звонев ама неможеле да ме поврзат не им работел тел, ќе одам од понеделник ќе презакажам.. Фала ти. И јас затоа ми е шубе па ке презакажам за др недела.. За во Битола прашував, и тука нема многу гужва.
Во Плодност ми кажаа да го отварам секој ден по малку.. Ставам Веледа крема, ако има потреба, не секогаш
Мене во Плодност ми рекоа ништо да не дирам таму Е ај фати му го крајот.. На муабетот, не фаќам ништо според советот, а и оти ми е страв
И да не фаќаш, мене Михајловска од Систина ми рече не отворај до 8 год ќе се отвори, и еве го сега 5ипол е скоро отворено е, сам си го отвора си го мие ко ќе се капи.
На здраво ми велеа на секое капење по малку да се отвора, и мене ми е страв незнам колку да тргнам немам осет па мм онака скроз по малце нежно ке поттурни и толку
Абе вака гледам и си викам што да тргнам овде Знам случај еден кај што му ја заглавија кожичката надолу, па триста глупости после тоа. И си реков не
Малата ми е 11 недели. Периодов само ги пипка ушите и косата, едново уше поготово, само го тегне. Нормално е ова? Ми е страв да не ги исклемпави… значи едното да може ќе го откорне…
Да каде каде е подобро да кака па сеа ваљда некогаш ќе се погоди и повеќе пати во ден, само нека не биде некој проблем, кога не кака зошто не кака, кога кака повеќе зошто кака, не ни се погодува знам, фала ти на совет немав воведено компир ќе почнам од утре.