Исто 11 недели сме , си го откорна десното уше, прсти в уста на секое и лигавење мислиш заби ќе истајт. Незнам од што би можело
Моево 6м е исто го трие десното уше ако му се спие, или па со тупаници ме мава дури го заспивам незнам шо фаза е ова.
На 6 м , поголемово ко ми беше правеше така заби ко иставаше , се лигавеше и ушите ги корнеше и тупаници маваше . Ама сега за ова ми е чудно зошто мало е уште за заби 2 ипол месеци има
Со тие заби уште од 4м ги чекаме, сите симптоми ги имаше Инаку можи не е рано, на внук ми на 4 месеци две запчиња му никнаа
Истоо, тупаницата во уста, се плази, прди со уста, меручиња и балончиња си прави. Мојава левото хахаха. Ама не и се спие нит и се јаде. Стално си игра со увото.
Мајки примивме рота и петовалентна во понеделникот, понеделникот беше ок се покака, вторникот ми крена температура без какање, вчера почна неконтролирано да плаче, не спиеше воопшто, стомаче многу го боли, не може да се покака никако. Вчера ми беше како плашлив и дури на три пати зајде од плачење. Наеднаш вришти и зајдува. Од рота ли е ова? До кога ќе биде вакво бебче? Не знам што да направам или да дадам за да му помогнам? Не знам дали е ова нормално
Абе до 3 4 месеци си викаме грчеви, после заби ги мачат и се така до 3 4 год ќе биде . Го поминав ова ,ама оддамна пред 10 год . И сега ново ми е се . Колку уба оваа разликава меѓу прво и второ толку неуба
И кај нас така беше од рота, плачеше се црвенееше.кај нас 3 4 дена потраја ама првиот само беше страшно, после или се навикнав или полека и се смири мешето. На 4 ревакцина се надевам нема да е така.
Кај мене беше кенкава цел ден. Дури и одвај се искака, а си кака од 1-3 пати дневно. И викам ај да и измерам температура ми беше топла, и ми се искака на топломерот додека и мерев хахах. Како да и олеснив што и мерев температура. Немаше температура, ама цел ден беше прекенкава, и утрето се смири.
Дали стомачен вирус ако е може да покаже на крвна слика кај бебе.Вчера правевме крвни слики матичната вика добри се.Едниот близнак има 3,4 дена слабо ми пие млеко све со сила не влече млеко туку си шмука како цуцла,пред малку стана од спиење и испи 90мл и даго наместам да ждригне све исповрати млазови.Дали ви се има случено досега вака.И му направив пак млеко и двапати ке цугне и почнуца да плаче и заспа,неиспи воопшто млеко
Примивме втора доза рота. Со првата ништо посебни симптоми. Сега вришти пишти се грчи од болка. Можно ли е од првата ништо сега вака да и биде? Кажете што може освен биогаја? Еспумисан и дадов сега и топло на стомакот. До кога да очекувам вака, колку дена траат симптомите?
Ако еднаш повратило бебе не е ништо страшно. Далеку од стомачен вирус е тоа. Мојава на два пати така после пиење млеко се исповрати и тоа во спиење и си продолжи. Вчера од плунка се закашла и млаз цел поврати.
Реакција на рота е. Грчеви се нормална појава после рота. Највеќе до 5 дена. Мојата од први вакцини немаше никаква реакција, од вторите крена 38, ама симнавме си разладување.
Здраво мајки, Можеби сте збореле на темава прв пат сум во темиве за бебе. Полека се спремам за бебката и сакав да ве прашам колку од прилика бодиња и шпикозни ми се потребни од 0 до 6 месеци?
Денес еднаш исповрати млазови и го избањав и цело време е поспан и ми испи еднаш 60 мл и уште 90 мл и добро е неисповрати спие цело време.Ама кива оо неколкувпати дневно и знае дасе закашла незнам веќе што да кажам
Поспани се од вакцина, нормално е тоа. Мојава спиеше 4 саати после вакцина, што денски тоа никогаш не се случило. Абе и ние киваме. Нормално е тоа. Мојава уште од болница кива, еве ја скоро 5 месеци си кива неколку апти дневно.