Мојава е Ноември родена , од втората недела скоро секој ден е надвор , прво почнав по малце 5 мин па 10 , не ми настина од надвор од шетање и воздух дишење , ми настина од несовесни луѓе ми дојдоја на гости со температура и инфекции(иако беа опоменати ако се нешто настинати да не идеет ). Шетај слободно, нормално топло облечено . Јас ко ќе е така ептен ладничко и ставам во количка термофор и супер и е . Или па ако ти е за спиење заспи ја надвор и после заедно со количка внатре ... јас така правам
На док. Ми рекоја можит одма , ама јас не ја искапив истиот ден пошо плачеше многу,немав простор Вториот ден ја искапив
Јас газе одма и измив само што се вративме од вакцина, зошто се искака. Докторката ми рече слободно може да ја бањаш, само ако има температура ми рече глава миење не, само туширање.
Леле муабетов кај го прочитав и онака маж ми вика претеруваш со пазење и не мешање со луѓето. Исто од ова страв ми е човек да ми влезе дома, а еден куп луѓе сакаат да дојдат да ја видат, а се со мали деца кои идат во градинка и кој знае што се не носат во себе и само одложувам де ради вакцини, де страв од вируси и грип. Не знам, кажете како терате на оваа тема? Стварно да не сум забегана?
Ама не можеш вечно да се штитиш од вируси. Маж ти оди на работа, се меша со народ? Па и да се разболи, голема работа, ќе оздрави. Не се чува дете во стаклено ѕвоно. Мене мајка ми ме чувала така, рибала гарнитура после секои гости, па после на 2 години купувала ампули од Германија зашто не сум имала развиен имунитет. Олабавете се малце, замисли нас што ни се втори деца, а првите ни одат во градинка....
Опушти се. И маж ти може да донесе дома вирус. Мешај дете, не чувај во стаклено ѕвоно. После ќе ти биде тебе повеќе мака, што ќе биде со имунитет 0.
Ако ми веруваш во моментов дома јас,постарата ќерка и мажот ми гориме од температура..вчера дојде од школо ме боли мешето,ја фатив топла,после 3 саати и јас имав 39темп веројатно некој вирус.Малово е супер,цел ден е со нас,цица..фала му на господ до сега е добра,само се молам и јас да ја не прифати нејзе месец ипол е..само читав дека во мајчиното млеко имало антитела што го штитат бебето од болест што мајката веќе ја прележела,се надевам дека е така