Моево понекогаш спие со бели звуци. Кога ќе заспие цврсто постепено го намалувам звукот и на крај исклучувам. Не ми се буди вака, пробај.
Здраво девојки, до кога најдоцна може да се прими рота втора доза, а и другите вакцини што се примаат на 4 месеци?
Па јас со првото бев као ајде срамота е како ќе му речиш да не идет , и на секое ми беше настинат. Сега не ни имам тука мн луѓе , ама подобро ќе ја истам надвор и надвор со некој ќе се видам него дома да ми идет настинати . Се разочарав како можит кај бебе од 2 месеци да дојди човек со вирус со инфекции. Така е не се чувет во стаклено ѕвоно децата ама па и осет малце требит , уште се премногу мали , сезони на секакви вируси плус сега им се повеќето вакцини . Така да јас од сега пазам и кажано е дека дома луѓе не сакам и не одам никаде . Првото настинато на секое беше од така што ми беше незгодно и ден денес 10 год. има да е со некој настинат одма настинвит. Значит неможи ни со тоа имунитет да му јачиш. Мое мислење
На колку месеци почнаа да ја држат главата вашите бебки? Ние сме скоро три, ја држи главата, ама некогаш се шантра ко она човечено за во кола. Од кога почна да ја држи така, tummy time, не сака воопшто, на мене на меше прави, иначе вака одвај 3 минути сака. Не и паѓа главата туку се нервира, плаче од што ја ставам така.
Исто и ние преку ден сме така, јас ја купив Евиан овцичката која има неколку звуци со срцебиење пропратени и пуштам или звук правосмукалка, или со шшш или со шуштење зависи. Се гаси само на тајмер 20 минути, ако кенка само се уклучива пак и повеќе ми спие така. А навечер во тишина спие.
Мислам дека тука така ни се бебушкиве и ние сабота правиме 3 месеци исто прави со главчето.не секогаш ама ќе стои ќе стои и ќе почни да шанта . Нормално е накај 4 5 месеци стабилни ќе се бар така мислам. На меше стои мојава 5 мин , повеќе не сака.
Јас имав стомачен вирус баш кога требаше да прими втора доза, се јавив и ми рекоа да одложам за една недела бар, да видиме како ќе тера да не префати и она. Ми рекоа без гајле до 5 месец имаш фора за втора доза рота. Фала богу еве ја прими сега.
Неполни два месеци, сам си ја држи така кратко, ама потоа му се затресува. На меше исто, кога е на мене си ја дига кратко, кога ќе го ставам онака на рамно тешко му е. Рано му е уште, ова по 10-15 секунди. Кај вас овој период како беше?
Се чудев и јас тогаш, ама првите 2 3 недели веќе ја држеше главата цврсто. Баш одевме во Систина на педијатар, се смееше докторката, викаше цврсто бебе, онака како на видеа "ја фрлаше", ја превртуваше, мојава гајле немаше е на пр tummy time не обожаваше, дали 3 мин и вриштеше, не ја форсирав, и некаде почна накај 4ти месец да си лежи. Ама после се сама па побрзо и одеше да совлада, седнување од стомак, лазење кратко и за брзо се пушти да си оди сама. Не ја форсирај, не сакаат сите на почетокот на меше, после одреден период сами си уживаат.
Тој период на меше само врз мене. Онака вриштење. На музичка подлога го ставав да леже, риташе, ама слабо се интересираше да дофати играчки. Околу 4 месец се смени. Почна да сака повеќе на меше, купивме и водена подлога и почна и да се врте тогаш, на десно. Стабилно главата мислам околу 4 ја држеше.
А зошто нагоре? Синко порасна ама ова никако не сфатив зошто нагоре. П.с мене свекрва ми ми велеше педијатар ништо.
Имам и музичка и водена подлога, ама уште не ги извадив. На тропки слабо реагира, на музичките играчки што одат лево десно исто не реагира. Знае така понекогаш да се загледа во мека книга со животинки, ама и таа не му држи многу внимание. Можеби 5 минути. Со што може да го занимавам периодов? Вака на зборење гледа директно во очи, гуга по малку, се смешка.
Vreme kako se naogja koga sme zavsini veruvaj mozam da najdam vreme i vo najgolemiot haos edno 4 god edno bebe za cig imam vreme sekogas aman ne sakam ama nemozam bez niv mislam odkako se porodiv i povise pocnav od nervoza haos i jas doam po malku malku dohrana nesakam ama toa e
Малечко е, само ќе си покаже кога ќе сака. И јас се плашев за моето, само во раце, нејќеше на меше, ама таму после 3 месец секој ден по неколку пати на подлога, вежбавме и почна да му станува интересно. Уште не знаат кај се, не се секирај, чим гука, гледа во очи, ок си е. Не може да очекуваме кој знае што. Сега ги мачат грчеви, скокови, плачење, кенкање. Добро е и ако отспијат подолго.
Зошто повеќето бебиња не го сакаат Хип чајот? Читав претходни коментари и сега гледам дека и синчето ми прави фаци кога ќе се напие, некогаш и се дави Претходно пиеше Бекутан ама поради шеќерот го сменив. Го пробав Хип и воопшто не е лош.
Не го сакаше и син ми, веројатно му нагорчуваше. Научен само на млеко и го пиеше Бекутан оти благ. Сега како почнавме со храна, може оти повеќе вкусови проба, го пие тој на Холе, а не е благ.