Јас си носам и за таму, сестрата одма му ги лепи. И ги сменувам на 4 саати. Јас го искапив другиот ден, никој не ми кажа ништо за тоа.
Јас ги земав но не сум ги ставила до сега, докторката на вакцинален пункт ми рече подобро ациди борици како облога, зошто лепенките вика имаат нешто во нив и може да се сцрвени местото па нема да знаеш дали од нив или од вакцината.
По колку чајче дневно давате ,за некој ден сме 3 месеци ? И до кога навечер после цицање ги држевте да подригнат? Ја чувам скоро 20 25 мин некогаш ама мислам дека ќе си се научит така в раце, зошто кога ќе ја легнам последниве два три дена почна да ми станвит да бара в раце .
Сокче јас не би дала мнг подолго време. И ако почнуваш со дохрана, почни со каша не со сок. Ако убаво напредува, не брзај со ранење. За бебе што цица, чајче нема потреба. Моето има 6 месеци, уште се мачи ако не е исправен да подригне.
Јас и ставав на малава лепенки, претходно ставени во фрижидер, ќе исечев колку за да го прекрие местото на ноџето. Другите ќе ми стојат во фрижидер, па со тие ќе и ги сменам. Можеш слободно и ациди борици, на вакцина ми ги одобрија и лепенките и ациди борици.
Година и 2 месеци никаков сок се нема напиено, ниту ми е во план да и дадам. Храна, вода и доење. Мислам те прочитав не сака малото млеко, ако не напредува, подобро почни си со вкусови отколку да даваш сок.
Lepenki mi rece na pedijatarot vo Jane Sandanski na bebe od 2 meseci ne mnogu e malo mozelo reakcija da napravi i posle nemalo da znaeme od sto e dali od niv dali od vakcinata ne daj boze...Jas stavam Acidi Borici celo vreme.Moze da se banja slobodno ako ima temperatura glavata ne.
I ja sum stavala za prvoto ama deka doktorkava vaka mi kaza mi napravi sube..i sea samo Acidi Borici stavam.
За 1 недела бебуш ќе прави 5 месеци и планирам да почнам со вкусови. Патронажната сестра ми даде листа со што можам да почнам, и сега гледам дека пишува измеѓу оброците може да се даде овошен сок, разреден.. Не е мало за тоа? Мене ни на крај памет не ми текна на овошни сокови
Тресат глупости патронажните кај нас Отвори во другата тема за воведување на вкусови има една убава табела објавено, по неа се водиме скоро сите изгледа добра е.
Тоа пишувавме погоре, не давај сокчиња, па разредени бе..тоа до вчера на млеко, и одеднаш сокови со шеќер..водичка нека си пие полека полека, сок нема потреба. Ццц како вчера да пишуваше во труднички сеа малото порасна па ќе ручка да си јаде исто ко мојава, не можеме ќесичка да отвориме пред неа, на појадок ручек и она со нас, било што, мора да касне, мислам 15 саати би си јадела
Истото го пишува и во мојата листа и така ми препорача и педијатар. Зборуваме за свежи сокови од овошје (воведени вкусови) во соковник или компот т.е. водата од што се вареле овошјето. Јас давав така, давам повремено и Хип сокчиња (без шеќер) разредени со вода 1:3. Давам е релативен збор во мојот случај, не ги сака ни тие, едвај 3-4 голтки. Ги давав од причина што не какаше со денови, не може секој ден само слива да јади, па вака давав. Олабавете, никој не збори Вива сок да им дадете, што е разликата од блендирано јаболко или исцеден сок од свежо јаболко. Инаку цитрусни не смее од толку мало, прават осип.
Бебето се роди 3620 гр., после 5 дена кога излеговме од болница беше 3460. Денес,точно на 1 месец е 3900. Нели е ова многу малце ? Само на доење е, матичната вели добро е, продолжи само со доење,не давај ад. Но многу сум загрижена, сите околу мене кажуваат дека за 1 месец требало да накачи 1 кг. Кај вас како беа на почетокот ?
Моето се роди 35-та недела, со помала тежина, заминавме со уште помала. По недела дена качи само 30 гр и ми се сврте памет, но педијатарот ми кажа нормално е се и да продолжам исто. Втората недела качи 160гр, а сега на 2,5 месеца си е супер. Така да, не се секирај, се си е како што треба.
Слично бевме и ние со малата. Мали се првиот месец, немаат толку сила да влечат. Добро е, не се грижи.