Мајки, вие што имате вреќички 2.5 тога, со што ги облакате под нив и колку степени ви е собата кај што спијат?
Боди по кратки, (по долги ако е поладна ноќта), пижамчиња и чорапи. Во вреќата секогаш успева да ги слечи чорапите Повеќе од 21 степен не е во спалната.
Браво, на мојава ако и ставам било какво боди под шпихозни ќе вришти до зајдување. Исто и вреќа не сака никако. Памучно ќебе само и тоа го шутира. Џабе ја купив од ело 2.5 тог, за украс си седи. Бодињата по рамки и кратки исклучиво надвор за шетање ги користиме, дома никако. Само шпихозни памучни или боди по долги со хеланки. А инаку преку ден ни е 23-24 степени, навечер околу 20. С’клет невиден, кога ќе се вцрви како патлиџан се прави. Кога облакаме скафандер за шетање дома е драма додека дојдеме надвор, цел влез знае дека ќе излагаме. После бањање на сите бебиња му е ладно, само моево ќути пиштол голо и се смее.
Итрица твојата хахахаха И мојот не трпи многу топло Ама мислам дека не ми е пренаоблечен. Од страна "тетки" ми велат дека детето голо сум го шетала, односно слабо било облечено ахахах. Инаку јас вреќата му ја купив баш заради тоа што кебето исто го туркаше, по цели вечери не спиев и го покривав Сега сум раат
Тебе тетки, кај нас свекор ми, а не види дека излагаме , секударно почнува со ладно е, тенко облечена бла бла. Не се ни вртам да го слушам.
Боди на прерамки, тенки шпихозни и вреќичка. Без чорапи и стапалата извадени од вреќичка. И ги покривам стапалата. Макс 20 степени е за спиење.
Мајки, бебето ми е 4 дена. Јас млеко сеуште немам. Го ставам на града, влече ама очигледно е дека нема ништо па почнува да плаче и да се нервира. Давам ад , ми кажаа 30мл од болница ама и откако ќе го испие знае сеуште да е кенкав и да отвара муце. До колку максимум можам да зголемам да му давам?
Колку кг е детето? Мислам беше формулата кг*150мл во ден. Ако е 3кг околу 450мл во деноноќие. Ако даваш 8 пати, значи по 50-60мл. Меѓутоа не зголемувај наеднаш. Пробај со 40мл, со 50мл. Не наеднаш сите хранења да се зголемени.
Колку вкупно дневен сон му е потребно на 5м бебе?? Ова моево веќе и не сака да преспие преку денот. Од сабајле од 7 досега, 2 дремки од по 30 минути. Само гледа цело време наоколу. А телефон па да извадиш во негова близина готово, мислиш ќе го земе
Фала ви многу девојки. Пробав да му направам повеќе и сега е подобро, си заспива одма. Најверојатно тоа му беше малку.
Препораките од болница се по 30мл за да има простор и да цица. Колку и да му даваш, пред да му дадеш флашичка, давај му да влече за да надојде млеко. Не прескокнувај доење ако планираш да го доиш.
Ааа и тоа секако. Плачела. Па еве до сега не сум видела бебе да збори. Ако знаеш кажи. Или аууу каква е, се плаче. Не бре. Од непознати плаче. Не ве знае , затоа така. Ама и така е де.