Пред бањање 15тина минути да стои, па после со онакво обично пластично чешле полека полека чешлаш. Излегуваат сами како лушпи. После бањаш нормално.
Вчера протеравме така, се залажа со играчки, шетање, нишкање… денес никако, само со плачење, дури мислам траума има од нејадење Еве сега му направив 150, па ќе видам колку ќе испие и колку ќе го држи
Ние на 2 месеци бевме толку, сега сме 4 имаме 8 кг,само здрави и живи да се ќе се среди тоа кога ќе пораснат. Исто пиеше уште пред месец по 120 и како аларм на секој 2 саати кога бара детето , неможеш да не му даваш,едноставно стрвно е. Почнав и по 150 да му давам, п а сега се по 120 ќе го смирам кога бара уште ама пак синпиеме на 2 саати. Сменив млеко од аптамил на бајбилов.
Види да не плаче и од друго, да му се спие, од мешето нешто, грчеви итн, може па и тебе те бара, од разни причини може, може да не е за храна.
Како ги облекувате за спиење периодов? Околу 23 степени ни е во спална, околу 2,3,4 е најладно не знам точно колку е.. боди на долги и облакам и шпикозни, претенки се двете и во вреќичка есенска, кај градите не е скроз закопчана и пола рачиња и се надвор. Вака кога ке размислам како да делува многу облечена ама па кога и да ја фатам сред ноќ е млака, не е испотена ни кај вратчето, а дланките и носето и се ладни. Не знам како да ја облакам дека рачињата и се скроз надвор се си мислам ќе смрзне. Јас скроз до горе покриена спијам може и затоа така мислам
Боди на долги и пижами, мислам само долен дел оти ако облечам и горен... Саклетчија е мојов, колку само се радува кога менам пелена оти е гол. Инаку, бос е и покриен со 2 ќебенца кои ги рита нон стоп. Вреќичка немам користено. Мислам дека е многу за твоето. Инаку, кај нас во спална е 20-21. Толку кажа педијатар. А и оваа температура му ептен одговара.
Јас само првиот ден ставав. Оток немала ниту еднаш. Сега вториве малце црвенило, ама за еден ден го снема. Реакција е тоа и нормално е.
Епа добро јас вчера цел ден и моќ о денес цеч дем им ставав облоги.Значи доволно е вечер не им ставам
Јас давам и ако почне мојата да плаче повеќе, не можам гладна да биде и да плаче, грев ми е. Тука некаде сме, ние за 4 дена три месеци ќе правиме. Точно кога бевме на два месеци на контрола (значи пред еден месец ова), беше мојата 5300 гр. Сега веќе не знам колку е, сигурно над 6 кг. Ние дававме до пред 1-2 недела, на 3 часа по 120. 6 хранења во текот на денот, и ноќта цела ја спие. Ама почна да и се јаде на 2 ипол часа веќе многу. Па сменив 150 мл на 4 ч. Сега веќе пие на 3 ипол часа по 150 мл, 6 пати во ден.
Како изгледаат непцата пред да избијат запчиња? Прво дете незнам како треба. Се буди со вриштење , едвај ја смирувам. Ноќеска во 2 ипол се разбуди така , очи филџани после тоа. Мислев гладна е, давам млеко несака. Заспа, па во 5 исто и остана будна до незнам кога, мајка ми ја зема. Не пиела млеко ич, дадов пред пола саат, едвај 80 мл и пак вриштење плачење, едвај ја смирив и еве ја спие сега. Можно е да е од запчиња?
Еве ти сестро, изгледа е тоа, со лесно, и мене истото ме чека. Знам многу мајки тука се жалеа од овој скок