Непрскани работи, тешка работа. Тоа дома ако си садиме или локално да наоѓаме. И пак ти се од непроверени извори. Една членка нарачува од Сезер од Охрид. Врши достава он низ цела Македонија. Ама пак, нормално е јебига, користи природни методи за да истреби бубачки. Пак не е дека немаат ништо. Побарај го на инста. Овие добра земја, не ми враќаат на фејс. Ваљда прекинале да работат.
Јас летоска замрзнав вишни, кајсии, јаболка, круши и модри сливи. Наши, непрскани. Праските не ги бидна баш оти непрскани и се скапаа за брзо. Цреши не замрзнав, ама трудна се најадов за 3 лета. Компир имаме наш, спанаќ, блитва, кромид, лук, боранија и грав. Е тиквичка, батат и моркови од пазар или маркет. А да немав овошје, искрено ќе давав готови каши. Една пријателка така прави, нема домашно ништо.
И јас почнав со полни 6, ми рече да не брзам зошто супер си напредуваше од доењето. Ако напредува, ете ти кажал и педијатар, почни од 6м.
Добро како ги презаспивате бебињата кажувајте? Цица, ја легнувам во креветче, давам цуцла и заспива сама. Заспа во 21:45, прво будење во 4:30. Цицаше, пак во креветче и еве до сега 6 саат уште се мачи уште не е заспана. Заспа едно 5 пати и се буди сама за минута а и се спие. Како да продолжи барем до 7? Не сфаќам зашто се буди.. цуцлаѕа ја плука, ја враќам ја плука и така во круг. И white noise е пуштено џабе.
Освен кеси од аптека, друго нешто за чување на мајчино млеко стерилно,кесите ми се многу големи ми треба до максимум 100 мл
Не верувам дека постои нешто друго стерилно. И моите се поголеми немам во секоја полно, ама нема везе, битно ако можеш да си замрзнеш, стави си.
Не знам колку ти е големка,кај мене некогаш(не стално) знае да стане кај 4-5 и што викаш заспива и одма се буди,ако видам дека неможе да заспие јас станувам,ја ставам во релаксатор и си седиме,ја играм ја оставам да се измори и кога ќе и се приспие по 1-1ипол саат заспива одма..знае и повеќе саати да седи изморена,а неможе да заспие тогаш изнесувањето надвор највеќе ми помага,колата,количката и одма заспива
Па супер си се изнаспала право да ти кажам, мојава на два саати станува Заспива или на цицка или во раце тоа ни се варијантите. Преку ден знае само во количка сама да заспие.
Да, една недела е вака не се жалам ама ке се радувам многу многу чекам некој скок хахаха. Инаку прашањето ми е како ги презаспивате навечер кога стануваат само за јадење. И кај мене заспива на цицка ама кога ја легнувам во креветче се буди. Единствена опција ми е да лежи до мене и да цица, па кога ќе заспие да се тргнам ама така останува да спие до мене и ми е многу страв. Барам друго решение
Кажи ми бидејќи си ми ти нај тазе со вкусови, па само те замарам Дали лажичките и садовите за храна ги стерилизираш и всушност до кога се стерилизираат и е доволно само миење на приборот?
Јас ја успивам на мене, и додека не заспие убаво не ја ставам во креветче, коа ќе заспие баш длабоко ја ставам во креветче и не се буди. Некогаш 1 саат ми треба.