Истото и јас ќе го пишував, хаха. И еве ден tip: за да видите дали е сигурно заспана, нежно погалете ја на капакот од окото или на клепките, ако ги мрдни значи не е цврсто заспана, почекајте уште малку да влези подлабоко во сонот.
Дааа и ова со градиве го правам, ме турка со рачињата хахаха мојава е борбена многу ајде ќе пробувам, арно првата дремка добро што ја тера
Додо, welcome to the club. Мојава ни 20 секунди не спие во креветче. Исклучиво на мене спие така поцврсто или до мене на спална и да ја држам за рака. Ако мрднам до вц ококорена одма плаче, ако ја ставам во креветче колку и да е цврсто заспана на мене одма станува за 10 секунди. Може да биде скроз во длабок сон на мене, најнежно на светот ќе ја преместам и се буди одма. Ја заспивам во 20:30-21:00 и тука ми прекинува животот пошо ако мрднам од соба толку е.
А знаете ли што може да биде причина за немирно спиење? Лево десно со главчето, мрда со рацете и пак презаспива, пример 3 секунди мрда, 10 секунди е мирна и пак истото. И се ова во сон го прави. Обично вака прави после презаспивањето
Јас исто како тебе на почетокот, не можев да мрднам од спална, од 20:00 После почнав со White noise, да можам барем да излезам од собата
Вака бев и јас до пред една недела и ми дојде преку глава. Сега првата дремка најдолгата ја спие во креветче и тоа сама заспива таму со цуцла ама нормално со борба, она плукни јас врати цуцлата и така додека не се предаде. Е сега проблем ни е втората дремка од 4 сабајле таму негде. Иначе и јас си легнувам со неа секогаш, уште во 9 сме во спална и толку, а заспие она и јас се комирам. Не знам кога почнуваат порано да заспиваат..
Кај мене и white noise не функционира, некои сензори има чим излезам од соба толку е.. вечерам во 7, се туширам заби мијам и денот ми завршува во 8 вечер. Тоа е хахаха
Јас се тешам што е уште зима, и поладно, па нема и кај да одам после 8 хахах Ама на лето од 8 навечер да се затворам во спална лелееее... Се надевам ќе легнува малку подоцна тогаш
И кај мене white noise и слични звуци немаат ефект, нит ја смирува нит ја успива. Мислам дека повеќе плаче од нив.
Беба скоро 7м, со мене на кревет секоја дремка и цело вечерно. Чим станам ЛУ ДИ ЛО. Еве ја спие, станав до вц она плаче во сон. Ако успеете ред да си направите, алал ви.
Моето легнува во 23 часот,некојпат знае и до 00 кога имаме гости да седи будно а мене ми се спие, оно не се дава му текнало во 22.22 синоќа да се расположи. Му викам еј твоите врсници имаат неколку сона веќе направено
Твоето беше помало од моето мислам. Доцна му е ама ако ти одговара и тебе ок е. Инаку препорачано идеално време за заспивање за бебиња е 19:30/20h
Иста беше и мојата, па една недела не се откажав без престан ја ставав, и прифати. Сега навечер спие во креветче. Преку ден во дневна, за да разликува ден и ноќ. Багуфче, пробај со фен, кај нас само фен сака, друго ништо. Ќе ти пуштам и линк ако сакаш што прифати.
Не е многу од 21 до 4 сабајле да непие млеко да несе буди.Моите за 5 дена прават 3 месеци се будат уште на 3 саати некогаш 4 сами со бараат.