Зависи од бебе до бебе. После грчевите, како да се стабилизираат повеќе во однос на спиењето. Мојата негде од втори месец почна да сњ буди се помалце, вчера не се ни разбуди воопшто. Па и кога стана нејќеше млеко, дремна , па после тоа испи.
Па педијатар ми рече да не ја будам.. ја будев до 1 месец, одлично напредува и ми рекоа нема потреба од будење кога стане тогаш
8 месеци ќе праве на 25. Уште се буде на 3-4 саата, почесто е на 3. Јас не знам како е тоа дете да спие по 8-10 саати без да стане.
Моиве уште имаат грчеви,сеа со Ротава уште појаки им се.Едвај чекам 3 полни месеци се надевам ке исчезнат грчевите засекогаш
Ок, да не ве разочарам ама до 2г не очекувајте да спијат цела вечер реткост многу ретко. Низ се што поминувате е многу нормално и ќе трае.. и ќе има подобри ноќи и полоши. Само реално за да се помирите побрзо
Лелеле дај боже да сменат моиве,одлично напредуваат досега се добри дај боже да спијат сега повеќе навечер
Моево дете немаше грчеви, воопшто, па пак не спиеше до кај 3 месеци, после се стабилизира, воглавно ја преспива ноќта, знае да се разбуди, поретко, ама не за млеко, спремен е за игра, си пее, се превртува. Спие во креветче, кога ќе се разбуди така иако не е мн често, го земаме меѓу нас, го држиме за раче, јас за едното, мм за другото и ќе си заспие така.
Оф, да не те плашам или разочарувам, ама и јас така викав и се надевав. Испадна дека моето дете има толку осетливо меше што се измачи буквално. Она со грчевите и плачење заврши некаде пред 4 месец, ама си имаше кркорење на црева, болки, прдење, јако на моменти. Потоа почнавме со вкусови, па оброци, додека се стабилизира, еве 8 месеци ќе праве на 25, можам да кажам дека веќе нема мака, иако има денови кога ќе го заболе силно па знае да кенка. Карфиол, брокула не дадов да проба, од кромид и боранија прдеше цел ден. Чисто како инфо да знаеш дека и натаму се можни проблеми. И золва ми со ќерката и една другарка со синот исто докај 6 месеци се мачеле.
Јас капа симнувам на тие мајки, што имаат деца што се будат нонстоп. Мојава 1-2 пати , ми се разбуди навечер со плачење , па се расони, мислам нервен слом ќе доживеам. Дека пу пу пу, до сега спие убаво навечер, како изгубена бев и незнаев што се случува. Само да спие навечер, се друго ќе издржам. Иако кичма ми се распаѓа веќе, само да спие навечер.
Некогаш мислам дека со твојата позитива така си привлекуваш алал да ти е. И бременоста и сега за мерак, само така продолжи си позитивно и дај боже да ти спие бебе цело време. Ти се дивам, секогаш кога ќе те прочитам си викам чим Биби може можам и ја
Е убаво е така. Може зависи и од бебето. И јас би сакала да поспијам барем 6, не мора 8 саата, ама нема шанси. До 4 скок знаеше да врзе 5 саата, после тоа никако. Веќе и да сакам не можам да спијам, се навикнав без сон. Кога заспие, чистам, мијам садови, пуштам машини, гледам серија. Еве сега спие од 7, само што испи млеко и продолжи, јас дремам, не ми доаѓа сон...