Да, се слагам дека е мн напорно кога се будат. Јас малце го "пцујам" кога ќе се разбуди, а во принцип не сум голема спанка, ама сега откако е роден ми фали сон, дали дека преуморна од цел ден, баш е захтевно детенце, многу живо откако е родено. Нека се само здрави и живи, се ќе издржиме за нив.
Едвај чекам да дојде 19 ч, да заспие , удирам брзински да средам се и како се тупнувам на гарнитура ауууу… Одмарам малце во тишина, се средувам и легнувам.
Денски не ми е проблем, кратки му се дремките секако, ама навечер е подобро да врзува, ама ете... Ај, ќе порасне
Од 7 ми месец бременост ич ич не бев спиена. До 5 сабајле неможев да заспијам, таман убаво сум заспала ѕвони аларм за клексани, па да се освестам да не се избодам во око по грешка и толку ми беше. По 5 саати спиење, со будење. И сега некако ме удри тоа неспиење и како ми треба сон аууу. А со неа денски неможам да спијам. Таман сум заспала, она станала и како пијана сум после. Ама за неа се ќе издржам.
Леле само колку брзо растат. Некогаш си викам што се жалиш, ќе ти фали еден ден, ќе се сеќаваш со видеа и слики што правел и каков бил. Кога ќе почнеш на работа ќе броиш минути да стигнеш дома, да го гушнеш. Брзо поминува времето, колку и да сме уморни.
Мене овој период ми е најмачен, ама и најубав. Два месеци е, а веќе ми фали она мало бебе од недела-две. Мајки, снимајте си што повеќе видеа, најубави спомени се тие Првите насмевки, гугања...
Исто и мојава до кај 2 3 часот спијат мирно после станува за цицање и после 3 4 сек мрдат презаспиват на 10 сек па пак.... и се така во круг до 6 сабаље
Мојот исто од кај 5 почна да се расонува овие дена. Денес од 5:15 е буден. Стана почна аааа уууу да си прави, после бррр бррр. А мене пред очи не ми се гледаше И еве уште не е заспан оттогаш
Од кога почнавте да давате повеќе ад на бебушите? На Хип сме , гледам на кутијата пишува од трета недела на бебето може и по 100мл. Син ми е 10 дена и пие по 60мл. Кога ќе направи 3 недели да почнам по малку да накачувам или?
Пробај, направи му, ако си го испие, значи толку си сака, малку му се 60. Мислам моето од 3 недела по 90 пиеше, така пишеше на Бебелан.
Луѓе случајно открив hack кај ќерка ми. Мачкајки и канестен кај вратот ми заспа. Кај нејзе не пали она галење на носето меѓу очите да заспие, ама еве ова со вратов ја успа. Се подразбуди па пак пробав и пак заспа со галење на вратчето
Гледај според бебето, ако ти бара на помалку од 3 часа, плаче со “неххх неххх” обично кога се гладни, тогаш зголеми доза, ама прашај и педијатар. Нека го мерат, видете со кое темпо напредува. Кај мене пиеше 60мл до 3 недела од прилика и некако не напредуваше во килажа, ни кажаа да даваме повеќе. Од тогаш почнав со 90мл и еве уште малку 6 недели уште сме на 90 и сега за сега и е доволно, многу ретко бара на помалку од 3ч, тоа се случува само ако ми бљуцне пред тоа или е кенкава. Прво ми напредна многу, а сега качува нормално. На месечната контрола имаше ставено 1кг за 1 месец. Многу им се мали желудничињата, ако дадеш наеднаш премногу може да има грчеви додека го свари.
Фала девојки на одговорите. Вчера бевме на прва контрола, си ја надминал родилната тежина. Докторката задоволна, рече супер. Не сум пробала повеќе да дадам дека не бара, откако ќе го испие си се смирува и си претка/заспива, не дава знаци дека е уште гладен. Па затоа прашав не знам од кога да почнам да воведувам малку повеќе. Ама ќе го следам секако.
Направи 90 и види дали ќе ти пие. Ти арно си читала на кутијата. Ние смотани двајцата, во болница по 30 мл даваа и ние фома строго толку. Не ми текна да видам колку треба. Бебе плаче, ние смирувај. Идеме на контрола, она грам немаше качено. Ние од страв да не ја прејадеме и оптеретиме желудник, гладно детето сме го оставиле
А мајки ве читам со бебенцата на ад. Како сте со какањето? Моето е месец, 90мл пие и секоја пелена е какана. Првото исто ми беше на ад ама мака мачеше да се искака, еднаш на 2-3 дена. Е сега во какушката има нели зрнца да ги наречам, не сварено млекце, ама и е слузава. Читам тоа слуз ако има значело некоја алергија. Си напредува одлично во тежина иначе, од време на време во денот ке заплаче од грчеви ваљда ама ништо страшно и нема никаква друга мака. Понеделник сме на контрола, секако ќе се консултирам со лекар, но дали некој имате слично искуство?
Sluzava kaj nas na majcino sme ama bebe ima sekret od nos i slajm. Dr rece nemozam da go iskaslaat go goltaat i se eliminira preku feces. Sega sme 5mes. Istoto se sluci i na 3. Za AD neznam. Ova so sluz Vo izmet cisto kako iskustvo go kazuvam