Според табелата уште една недела до скокот имаме. Не знам ако можи и порано вака да почни. Абе око немам затворено. Па и плачеше, едвај набрзина сум правела млеко којзнај како.
За нецели две недели, здравје ќе правиме 5 месеци. Кај доени бебиња, каква треба да е структурата на столицата? Конкретно на моево бебе течна структура има цело време, така ли треба да биде? Знае и по цел ден да не се искака или да кака на два денс, но има денови и по два пати кака. Бојата варира од златно жолта, знам таква треба да биде но некад и е темно жолта, накај окер мава, дали и тоа е нормално?
Во Локо Кроко има многу убави, а има и во Пи Ки, тие се како теписонче, шаренки и интересни. А јас си порачав од Тему, од оние како коцки, плишани се, меки и топли
Оваа е од Пи Ки , Оваа е како мојата , А од тие од Локо Кроко не можам да најдам на страната како тие што ги гледав во продавницата
Ние се скренавме со хранењево даваме по 130-140 и јаде на 3-4 саати, а за да стигнам некогаш до 3 ипол саати има многу плачки и бебево ми е нервозно, спие кратко и се буди, мора да го нишкаме и шетаме за да пројде што повеќе време. И така бев преморена, уште ова ми фали. Некогаш се мислам да не е прејадено, некогаш кенка дури јаде, па си викам да не е скок… Ако давам 120 па ми бара на 2 ипол саати, а педијатарот ми препорача да јаде барем на 3 саати за да се свари млекото. за среќа навечер помалку му давам ама си спие и 4 саати. Се надевам набргу ќе спие цела вечер Дали некој го има истиот проблем со кенкањето при хранење? Претходно не ни се случуваше ова
Од што може да е денес цел ден бебуш ко ќе цица на лице и врат се црвенее како флеки црвени и се прават и кога ќе престане и поминува. 3 месеци е си цица нормално океу е се друго. Да се прави од жеско така , денес топло ни беше дома .ме фати паника алергија да не е нешто. Ама само цица и јас немам ништо посебно и ново јадено. Во вторник сме на вакцина ќе прашам и таму .
Давај му и на 3. Мојот до вчера пиеше на 2 сати. Откако е роден. Сега му зголемив на 150мл, па издржува 3 сати. А за тоа што кенка, види протокот на цуцлата, да не му течи малку, да не треба да смениш. И кај мене така се случуваше да ржи, па испадна дека беше до тоа
На сабајле го раслекувам и го оставам некое време така да поклоца, бидејки обожава да е гол. После на подлога, со еден куп играчки околу него, па си фаќа си игра, претежно сите во уста ги пика. Го оставам и на музичка подлога, и тука се занимава 15тина минути Имам едно како вртелешка, за на креветче, и со тоа го залажувам. И тоа е тоа. Засега друго не знае да си игра си се шетаме низ соби и разгледуваме што има И tummy time, му ставам огледало пред него и една шушкавна книга
На подлога. Топки, мечиња, тропки, сешто имаме доле. Има и музичка подлога, леже на неа, со нозе удара за да свире и со раце дофаќа играчки што висат на него. Има и водена подлога, внатре некои ситни работи и мрдаат кога со раце е врз подлогата, исто и таму топчиња некои, па ги фаќа, пушта. Играчка на батерии земав од Лотус, што оде лево и десно додека свире мелодија, а може само и да свете. Таа му ја пуштам па си леже на меше, и се радува и следе со поглед. Тоа претежно. Музичката ја сакаше и тогаш, ама повеќе претходните месеци оти веќе од полни 4 се вртеше па знаеше да се заврте и заглаве не му беше толку интересно само да леже. А водената ја сака уште.
Абе мојот до 3 ипол за ништо не беше заинтересиран хаха. Среќа се оправи, колку сум се нервирала. Паника ме фаќаше. Ни tummy time, врескаше кога го ставав, ни играчка, ништо. Со вежбање со мене секој ден по малце па успеавме.
Знам ама кога не сака што да му правам,ноќна птица ко мама е околу 21- му е последна дремка пола саат и потоа почнува интересно и не сака никако порано да заспие и го оставив кога му ќе му се преспие тогаш сам одлучува. Па и мене ми одговара и наутро си поспиваме до покасно и јас не сум по раното станување некојпат кога ќе стане порано неможам да функционирам