15 недела сме тој скок мислам дека е 4ти ... по една табела од тука се водам... исто едвај да заспие 15 мин па стани... 1 сат ја заспивам за 15 да поспија преку ден
Да, тој е. Ист беше и мојот скроз. Јас не најдов начин да си олеснам па и сама бев тој период, полудев. Само трпение и јаки нерви
Според термин сте? И ние сме 15та ама според термин не е. Ама нешто ме спобудалува овие два дена вака. Почна и навечер да се буди и да бара да јаде. И обесена на цицка да е. Не ни цица, битно цицката до нејзе да е.
Па според термин вчера 15недели а од раѓање утре . Е така и мојава почна понеделник прво само на цицка обесена , па почна да ми станува на секое навечер,а до сега спијаше по 5 или 6 сати навечер. И од вчера нејќи да цица па после кога ќе фати не пушта спија на града... и така забавно многу се надевам ќе помини и ќе се врати на нормала И да овој скок како што видов од 14 почнува крај на 14 недела
Оградици користам од прв ден откако е родена, ама се тенки. Спие во дрвено креветче. Немирна е како дете, и во последно обожава да спие на стомак и со газе нагоре, ама ете, дали 2 пати откако е родена се чукнала во глава од креветчето. Читав мн викаат се мавале, се главеле, кај мене не е тоа случај. Оградиците нема да и ги тргнам. Памучни се и меки, и ударот би бил појак да е само креветчето, ова колку толку заштита има. Инаку, од 5 6 месеци кога почна да "шета" низ кревет, сама да си се префрла, премн пати имам станувано ноќе, навикната со доењево и не ми е проблем, сум ја гледала, ако делуваат мали, ама мислам од тогаш сама знаеше и јорганчето само до лице да и дојде, се тргаше, не знам како да кажам, како да се пази самата. Исто и за оградиците, и да се залепи до нив, си наоѓа начин да се мести да дише. Е сега, спуштен е душекот на нај ниско ниво, така да, она си стои се исправа ама нема како да падне. Не е висока 2 метри па да земе залет
Ние од месец дена се шетаме низ креветчево. Многу мрда, не стпи никако на едно место. Сеа на 3и пол, бетер е. Па не знам како да постапан со оградициве. Највеќе ми е страв да не се удри или со фацата па во оградицата да не отиде.
Ти пишав погоре во постот..јас нема да и ги тргам, и да се удри, помеко е во оградица отколку во даските, и тенки се, нема како да се залепи за нив па да не дише, а и знаат сами да си се тргнат за да дишат. Не знам какви оградици имаш, дебели/тенки..на тебе е одлуката, јас не гледам зошто да и ги тргам.
Мајки читам сега муабети ваши, на некои бебчиња кога ќе почнат со дохрана имаат проблем со стомачето и грчеви. Дали кај сите е така или забиси од детето, зошто уплав имам од грчевите ради килата што и се појавува кога напнува. Исто ме интересира дали вода давате кога ќе почнете со вкусови и по колку се дава?
Јас му давам од водата кај што сум го варела овошјето/зеленчукот. Патронажната ми рече да почнам со 60мл вода на ден и секој ден да зголемувам по малку. Ама не ми пие многу така чиста вода.
Кај син ми имаше. Повеќе кркорење на црева и прдење, конкретно прде повеќе од кромид и боранија, инаку нема реакција. Вода давам, ама не пие никако. Може нема кај сите, зависи од дете. Моето се погоди со ептен осетлив стомак. Каква кила има, умбиликална или ингвинална? Моето беше со умбиликална, не се оперирала, се повлекувала до 3г, кажа Симеонов во Систина.
Da isto imavme i nie duri i sekret bel pod pazuvite koj mirisase loso. Samo izmi i ubavo isusi pa posle mackaj taka me sovetuvase pedijatarot
И ние имаме папочна кила Симеонов ни кажа ако несе повлече до 5 год тогаш операција,ама исто Антониј од систина педијатар па ни кажа да ставаме појас за папочна кила и му ставам.