Страшен е многу. Јас уште имам трауми од ќерката од пред 3 години. Гола ја соблеков врз мене гола ја легнав само така прекина да вреска. Се дереше 2 саати без прекин пред тоа. Тоа беше кулминацијата. Сега на синко 4ти скок не беше толку трауматичен ама затоа 5ти..... Спреми си се психички.
Нашиве беа мислам тука така спремај се ! Јас да ти кажам до сега девојчево бајче ми било , од понеделникот секој ден се полошо и полошо и секој ден се плус нешто,прво само на града па после нецицање, па неможот да заспијат преку ден , и еве сега прочита можда вриштење пиштење пред ноќно спиење уште што следи незанам. Али не е кај сите исто . Јас со првото вакво нешто немав искусено . Имаше денови каде неспијат или се бунатоват со цицање али вака не .
Леле значи таман од еден скок да се опорави човек, ете одма друг. Ако не е скок, тогаш е вакцина, ако не е вакцина тогаш е нешто друго. Јаоо Се смеам од што не знам како ќе издржам. Значи како што идат полоши и полоши се скоковите? Овој 5тиот колку трае? Ти одвикни го од такво спиење, или носи си го со тебе на работа
Не се плашете, еве ние не осетивме ни еден скок. Првите два дена е малку кенкав и повеќе спие преку ден тој период инаку многу малку спие преку ден. Баш сега е во 5ти скок и тоа проверив затоа што ми падна чудно што многу спие. Се надевам дека ќе остане вака
Мојот денес една дремка врза 2 саати и нешто. Инаку му се по 20 минути. Не знаев како да се понашам хахаха бидејќи тој никогаш преку денот не спие толку. А навечер, да си сме здрави и живи, дури помини периодов. Дај Боже твоето да си е умно и да си спие
Демек од 3-6 недели ама жими се' од еден во друг влегуваме. Јас па се крстев во воведувањето вечера, демек од страна сите, гладно е затоа ти се буди, дури и педијатарката така ми рече, ама не бре, ко на тајмер е детево. Да се помирам едноставно и да престанам да следам скокови. @marama сите наопаку, вие терсене Само така да ви биде.
Исто ми велат за вечерата. Кога ќе стигнам до таму, ќе ти кажам дали има промена. Ама тешка работа и кај нас, и овај мојот е на тајмер хахахах
Сакав само да ги утешам тазе мајките да не се плашат дека има и исклучоци. Секако го чекам кога ќе ми наплати
Леле и кај мене денес првин плачеше неможевме дс го смириме подолго време и потоа спиеше 1.40 мин, се мислев да не. Е болен нешто, температурата да не има. На крајот татко му дојде и го разбудви вика што ќе прави вечер а мене ми беше грев да го будам инаку сме по 30 мин на дремка +- 5
Да бе, сите знаат да кажат, вака, така, најлесно е. Дојди, види го, напрај се паметен и оди си. Не е до вечерата. Цел месец ја имаме, од 7 воведов, задутре праве 8, се буди и тоа е. Сега во 6 скок и на 2 саата мрда како за будење, некогаш стане, некогаш не. Ама, затоа на 3 мора млеко да пие
@gwenst сега му варев овошје за доручек, модри сливи, кајсии и круши, и таа вода ја собрав во шише. Испи 40мл, пресреќна сум. А не е блага, ја пробав. Овошјето не е баш благо, такви се сортите. Ако сакаш, пробај вака.
Мајки ај плис некој што има апликација да ми провери до кога сме во втор скок? 26.12 термин. Не знам дали да ја вакцинираме сега или да почекаме да помине скокот
Леле не ги одложувај вакцините ради скокот, нема до толку врска. Кај бебе секогаш ќе има нешто, де скок, де заби, де онака ќе е кенкаво. Првите вакцини ќе го болат, ќе биди доста плачливо како и да е, скок или не скок. Натаму скоковите траат и по 6 недели, не можеш по тоа да се водиш.
Абе сите знаат, од такт ме вадат, како само јас да не знам што му е на детево. И ние скоро месец како е воведена, врска нема. Навечер му давам да цица на секое станување, немам веќе енергија да го нишам, вака најлесно заспива, како е, така е.
Леле браво за бебуш умен Денес круша му варам јас. Сега да спремам и ќе му дадам и јас од таа водичка, па ќе видиме колку ќе испие
Мене свеки ми вели дека не спиел од што бил гладен. И да му ставам бисквитче во млекото навечер, да го заситело