Нас многу ни помогна оваа крема, јас лично со години ја користам. Која бебе на лице за црвенило и бебешки акни ни помогна.
Мислам дека многу ќе и е одеднаш толку.. ќе пробам за некое време, али многу често бара, мислам и дека така е навикната на 2 саати да бара пак..
Ти бара дека е гладна, не од навика. Не се води по тоа на кутијата што пишува, туку по потребите на бебе. Пробај 150 мл дај , па зголеми после. И мојата е 5 ипол месеци, веќе месец пие по 180. Не дека секогаш ги испива, ама во 90% , ги пие.
И моето е исто. Сум пробала 180, нејќе. Ќе испие пак 150. Толку е навикнат. За 2 ипол саати пак бараше. Ако накачам, ќе оставе 30мл. Кога беше помал, ретко издржуваше 3 саата, максимум 2 ипол. А сум давала и на 2 саати. Сега оти и оброци, дневно пие 2 млека, ама затоа ноќе пак на 3 саата се буде.
Ја нема секаде може не ја знаат многу ама според составот мислам дека е ок Одамна је меркам ама земав една др. Поефтина и неа ја фалеа
Исто и ние 5 месец тераме по 120 пие на скоро 2 саати. Некојпат по 150 ама многу ретко да го испие. Синоќа баш пред спиење викам ај ќе му направам 150 демек да нели да не станува толку често ама 40 остави неможеше да го добие и стално имам фрлано. А на килажа богами си има 8 кг сме. Инаку се фаќа околу 800 900 мл на ден.незнам др по колку пијат на тие месеци.
На 5 месеци така некако сме биле и ние. Само доручек имаше тогаш. Сега е 8, пак пие по 150. Сум правела неколку пати 180, остава.
Уште не сме почнати со вкусови се мислам од кога да почнам, некако главата уште не ми ја држи многу стабилно па мислам немој да не е во ред да почнам. Вие од кога почнавте и со што?
Од 4+. Кога пробуваше, му ја подигав количката, така оти по некоја лажичка само. После од 5 во хранилка кога имаше доручек цел оброк. Од овошје: јаболко, круша, модра слива, кајсија (имав домашно замрзнати), банана и праска ( од готова каша) Од зеленчук: компир, батат, морков, тиква и тиквичка Тие беа први, после натаму се воведуваат други- спанаќ, блитва, кромид, лук, вишни...
Да се вмешам, да те прашам за кашичката од праска. Чиста кашичка од праска најде некаде? Или беше мешана со нешто? Јас денес и во Дм и во Зегин барав чисто праска, не најдов.
И јас да се вмешам нема чиста праска и јас сегде барав..имало порано на Хип, сега веќе не.. 2 дена за вкус ја дадов праска круша и ја обожава банана праска не е нешто нај нај, киселка е и чудна
Во дм една по една кашичка сме пребарувале со мм за да најдиме пуста праска хахахах Така ми е ко не си прашувам предвреме. Ќе му земам тогаш со круша, сака круша мојот
Колку месеци сте вие? 120мл на 2 саати испаѓа скоро по 1,5л. Мислам многу е за 5 месеци, али не издржува на 3 саати.. Ќе пробам за некое време 150мл