Фала ти за одговорот. Карлично беше мојава, со газот доле и многу лошо беше наместена. Па затоа и има естетски едно уше различно, па и нозете и беа како жаба, па и вратот едната страна повеќе ја преферира, нема никаква дијгноза, едноставно таква положба во матка, заради тоа и главчето го сплескавме малку, ама сега гледам доста сме го оправиле, што ми падна камен од срце.
Го исправ на минимум, преживеа, убаво се испра. Да, во право си, и јас така за многу работи, иако пишува рачно, перам на минимум, па ок било досега. Ама за ова не бев баш сигурна. Фала
Мајка ми вака е хранета ко бебе. Мала разлика се со вујко ми и вака е хранета. На муабетот со манџата, мајка ми ме оставила на 4 месеци да ме почува баба ми на кратко. Кога се вратила со компир манџа ме ранела баба ми, мајка ми на апарати.
А јас што да речам што мојата свекрва уште е со такви размислувања, дека бебе требало да јади се да ти е страв да го оставиш да го почуваат
Мојот само кога ќе се умори ама јас обично само наутро го вежбав и ставав на стомак инаку на мене го ставам да лежи кога сум седната.А за водената се мислев многу дали да купам или не дека ве читав овде дека вашите не сакале ама јас мислам дека мојот ќе сака и конечно после толку време мислење ја порачав па ќе видиме. Незнаев дека треба толку често, еднаш до 2-3 пати го вртев ама не по многу време. Инаку уште ми повраќа така да после јадење тешко да го свртам го чекам ама пак мин поврати па ќе заспие и така се во круг..