Нас ни донесоа, како пластика, ама не е пластика. Во составот има незнам какво си дрво. Убави ти се и оние селиконските.
Jas imam edni najobicni plsticni i edni naracav od silikknskite od temu da ne ostan pokuso… Ubavo me potsetivte za ovie lqzickive so indikator skroz zaboraviv na niv..
И јас сеуште незнам што значи бојата на каката.Моите некогаш какаат златно ама во последно време повеќе се на темно зелено со жолто им е бојата на каката,си јадат нормално на 3 саати
Тоа пластика а не е пластика, тоа е бамбус... Тој е бетер од пластика, низ еден тон белеење поминува... Дрвено само гравирана бука.
И мене ме бендисува оти е цела мека и можи од секоја страна да ја пика во уста оваа ја имаме ние, зелената, као демек со некоја си арома на ванила се
Оваа ја имаме, мека е многу ја сака. Но и други земав, зошто како е расположена различна бендисува На почетокот јаготка една ја утепа од цицање, сега да не ја види изгледа потврда и е а непцата и се подуенки.
Кога е 4ти а кога 5ти скок? Некаде гледам 4ти од 14та недела а некаде околу 19та пишува. За 5ти па и од 22ра и од 26та видов. Причина што прашувам е бебче од кога ја прими вакцината во 4ти месец спиењето хаос бидеќи му се поврза со скокот но сега еве ќе е 22ра недела за 2 дена и мислев ќе помини скокот е, арно ама од спиење знаеше еднаш два пати да се разбуди со плачење како уплашен да е. Ок тоа батали се супер денес беше абе кога рикна бебе срце ми застана да пишти и плачи, ова не се случило никогаш. Дали вакви карактеристики има во некој скок? Што можи да е друго, среден наместен добар беше незнам се уплашив.
4ти скок од 14та до 19та недела. 5ти од 22ра до 26та. Во 5ти скок влегувате и вие. И мојот е таков, пишти од никаде. Ќе игра и наеднаш ќе црекне. Или ако го ставам на подлога за да сработам нешто, морам да му зборувам, оти мисли дека е сам и плачи сред ноќ си се буди и така си се гледаме а и ранобуден е машала А за дневни дремки да не почнам да зборувам... Хаос. Ова досега јас што искусив од 5ти скок. Се надевам лесно ќе го поминете
Нема уште заби, ама се пика во уста. Тоа раката до рамо да може ќе ја напика, па ја шмука мислиш лижавче.
Ти благодарам. А пак се тешев ќе се среди од четвртиот оти од кога почна се е наопаку… Ајде ќе турниме и низ овој тоа е тоа. Исто, со лесно
@baguf4e те молам кажи ми дали ти се поти на главчето малата? Мојава почна да се поти… што да соблечам веќе само по шпикозни спие и вреќата…
Хахахах уште се нема испотено од кога е родена мојава (досега). Исто само по памучни шпикозни спие во вреќа со боси нозе. Во соба навечер ни е 19-20 степени. Твојава ќе излезе по с’клет и од мојава.