Мислам дека до 6 месеци не е препорачано било каков спф крем/лосион. Облека која би ја заштитила би било најдобро и капче со сенка можеби.
Преќинав со лактил, само по две чаши чај лакта микс пијам. Но имам чувство дека градиве ми се празни. Се мислам дали пак да почнам со лактил. Пиете ли вие уште? А и слабо ми цица, нерви искинав, не знам што е, можно ли од што ја болат непцата да одбива да цица? Не знам што да правам искрено, само навечер знае кога е успана да поседи на града, инаку три пати влече и се трга. Кажете што да правам излудев веќе
Пробај легната на кревет. И мојата у рака коа цица три пати ќе повлече и се врти да види све, ко тетка Фроска е. Све ја интересира. На кревет ми успеваше... Сеа цица летната, ќе ја фати дремка, се рола, седнува и плаче ...
Веќе две недели ако не се лажам. Со тоа што има некои подои цица еден да речеме и наредните два три и се такви се врти и ништо не цица. А вчера и денес катастрофа е со цицање.
Ги вадите на сонце директно? Денес ја извадив од количка, викам ај сонце да фати. Ама сега гледам едното обравче црвено, не е веројатно да и е од сонце изгорено
Мајки 5 месеци сме ама нешто не сака да стои на меше само кога таа сака без никаков проблем седи, додека беше помалечка сама си се дигаше без да ја занимавам и не се врти самостојно од грб на меше и обратно ако и помогнам јас. Дајте идеи како да поработам на оваа тема мислам дека само моево е вакво
исто јас вчера мислејќи ај прво сонце не е јако, кога видов дома едното обравче и пола нос мојата има 3 м прашав за спф ама викаат мала е
Мала е. Јас на 2 ипол мес на одмор во Грција го однесов, педијатар рече никако спф, само со облека. Креми минимум 6 мес да има, годинка најдобро
Мојата денес 6 месеци, иста е. Кога сака и кога е расположена се врти и тоа со малце помош. Вежбаме, ама сега и е фазата да се дига да седнува. Па на тоа е насочена.
Добро е значи не сме сами ја се потресов последниов период упорна сум ама не ми успева секој можен момент сме на подлога инает дете
И јас го оставам на подлога, и си игра само ако јас стојам пред него и му правам муабет. Значи немам коментар. Сега се научи ги фрла играчките на сите страни и плачи