На 4 месеци, од грб на меше. А. Обратно се нема свртено. Тогаш се вртеше поактивно од сега. Сега некако ми е мнооогу голема мрза или дали дека нови вештини учи, не знам..
Абе таа си седи на грб легната нема ич проблемси се смее си фаќа играчки што се околу неа, а ја свртам на стомак почнуваат плачки и со главата во подлога кога сака сама си се крева си игра си се смее ама кога несака не и не
Уште малце ќе почне да се подига. И мојот мрза додека се сврте и му стана интересно да си игра на меше, сега неколку недели наназад сака да се подигне за лазење, ама му тежи газот хаха, рацете не му се толку јаки. И се дига и од седиште во кола, и од хранилка, така потпрен и врзан ич нејќе.
Јас мислам на детево мое ништо не му е интересно Јас го ставам на стомак тој газот го крева и исто како твоето, не му се јаки рацете, паѓа се млитави цел хахах Не сакам да го форсирам, ама од друга страна па си велам како ќе научи
Да, првин беше таа фаза, само газот го дигаше, ептен беше смешко, а сега како склекови да праве, ама не може уште да почне да лазе. И јас не го форсирам, и ортопед кажа да не се форсира ни тоа, ни седење. Веќе си седе скоро добро, ако се заигра, знае да се занесе наназад да падне. За лазење уште тешко. Јас форсирав само за вртење, ама искрено многу читав и гледав видеа што до кога треба да постигне ( а не требало, сите се различни, ама прво дете) и бев исплашена дека детево стварно ништо освен во раце носење не го занимаваше. Ни подлога, ни играчки над него... После постепено се оправи. Ама ете од меше на грб не знае да се сврте.
Кога се сврте? Мојава некако одвај и фаќа.. 4 месеци за недела правиме. Некако не посегмува баш нешто многу. Пипка ама како саката… не знам зашто толку е згрчена во рацете, на ортопед се беше добро.. ортопед ни рече до 6 месеци треба да се сврти. Не знам стварно што да мислам за пипкањево.
А за седење кога почна самостојно скроз да седи? Мојот сака да седи, одма се витка за да седни, ама нурка со главата напред хахаха
Носи и ги предметите во рака. И давај и играчки што ќе може да ги фати со цела рака, пример топче или нешто слично. Оти нели со глодалките фаќа и ја затвора раката.
Точно на денот кога наполни 4. Претходно кога лежеше на меше беше како да го коле некој. Врескање. Ама, јас искрено може 2 недели секој ден со него бев доле. Дека и на невролог имав закажано и си мислев што ќе кажам дека праве кога ништо не праве. Кажа таа дека е малку мрзлив и низ игра да работеме на отварање на рачињата оти и тој ги држеше до поголем затворени. Да му ги земам и раширам. За пипкање и тој беше така, не посегнуваше нешто баш, после 5 повеќе се заигруваше.
Ооо па супер, јас се насекирав дека ќе прави 6 а не може уште убаво да си седнува. Оти? Оти видов од братучеда ми тоа малото дека на 5 си седеше само
Не гледај. Знам некогаш е посилно од нас, ете јас мислам зошто моето нема уште ниеден заб, ама кај некои деца покасно е. Баш снаа ми ја прашав, на 11 месеци на внук ми. А и мало е за седење на 5, не е ни препорачливо мислам до 6.
На другарка на малото на 14 месеци прв заб Нема правило за ништо, ама кога ќе видиш така, одма триста прашалници во глава ако и твоето на прави исто/слично. А за седнување да, ортопедот ми кажа од 6 месеци натаму. Ама тоа на братучеда ми жилаво многу хахахаха
Вчера од страна и ставивме играчки што висат и посегна со двете раце, пошо десната не ја користи многу, строго со левата. И посегна со двете и некако како тргна накај едната страна да се врти ама не успева дека не знае со нозете што да прави. Не знам дали да паничам.. си ја држи главата супер, на меше и е хорор филм седење… сега посака малку повеќе да седи. И тоа е 5,6 минутки макс.. иначе никако. Ама многу сакато ми пипка.. лошо звучи ама како згрчени и се.. не знам дали да паничам..
Мојов се поти често на глава особено кога пие млекце. Од што може да биде? Некојпат и чорапите му се потни се мислам дали е на мене дека мене ми се потат раце и нозе
Епа толку беше и моето. Сум гледала на саат, немаше шанси повеќе. Сега баш видов слики каде сам си игра или е на водената подлога, од средина на ноември, кога бил 4 ипол. Претходно е на слики со мене, пред да наполни 4. А седнуваш ли со неа да ја вртиш, да и помагаш? Јас на јутјуб гледав видеа, ставај и играчки странично да ги гледа и да посегне по нив да се сврте. Мојот уште ја преферира десната страна. На лева не му текнува. На десна се сврте и така остана.
Цело време сум со нејзе. И играчки и подавам и се. Ќе видам ќе се посветам повеќе. Се надевам дека џабе паничам. Дека си прати се, пика во уста кога ќе фати. Само не е многу свесна дека држи нешто.
Исто ќе пишував, види има многу видеа на YouTube како да му помогнеш на бебе да се заврти. И reels има доста. Јас практикувам нешто од нив. Се надевам ќе имаш успех, и без секирации. Секое дете различно. Ние непотребно си ствараме стресови