Мајки,поголемиов ми е со температура, а бебе има 2ипол недели. Во случај недај боже ноќеска да ми крене темп. Парацетамол сирупче дали смееше да се даде? Или да земам нешто сега додека е отворена аптеката да имам за недај боже Едит: сега прочитав упатство не смее од тоа, дајде друг предлог за до сабајле да имам нешто дома
Да да за бебево, се надевам дека нема да префати, утре секако сме на контрола за мерење ќе се консултирам со докторката што да правам ако не дај боже крене,ама ми е шубе за вечерва...
Не се сеќирај, првиот месец, два бебињата имаат имунитет од мајката. Нема да го префати, ако цица плус си е заштитено. Инаку парацетамол се дава врз основа на килажа колку има. Консултација со доктор и фармацевтот што смееш сега да даваш. Чепчиња избегнувај да даваш, нагло ја симнуваат температура и се даваат само во алараманти случаеви кога повраќа или кога со ништо друго не и се спушта. Со лесно да поминете.
Мислам дека ништо немат да е од искуство . Додека бев на болница послњ пораѓај мене големово коксаки вирус ми фати, цело време беше со нас не знаевме се дур не се нафрла на дланки лице...и дома ко си дојовме тука беше . И јас испаничив ми кажа матичната и патронажната дека имаат имунитет од мајката првите месец два.
Мојот кака на неколку дена, ми се десило неколку пати. Со врискање, а гледам уште е во сон и почнува да плаче како да го боли нешто. Ми се десило само кога така не е какан неколку дена.
Не, одложувам ради запекот. Сакав со морков да почнам, уште тоа и фали сега. Вчера вечерта од избезуменост и дадов чај Бекутан, таков имав во моментот. После два саати се искака и олесни. Бев по аптеки, ги прашувам за хипп чајот дали е и за подобрување на перисталтика, не само за грчеви тие поима немаат. И не земав. А на Бекутанот нагласено и тоа. Штета што е полн со шеќери.
Значи дефинитивно од тоа и беше, исто стана нервозна и почнав да ја соблекувам кога почна да вришти, изгледа и дојде, а не можеше да се искака.
Не се стресирај за чајот. Ние го пиевме кога имаше жолтица побрзо да ја исфрли. Не пие секој ден, ете и помогнало. Битно и помогнал.
Го имаме пиено и ние порано, по потреба нормално. Не се стресирам, него нагласив штета што има многу шеќер, па не може почесто да се пие, а многу помага, барем на нас до сега. Би и давала секој ден инаку, поготово сега кога ќе почнеме со дохрана.
Jas obucen caj od kamilica i davam a koga bese pomala od kim nekolku zrna kim vo voda. Ama i becutan si pie mojava
Мајки, до кога дававте пробиотици на новороденчињата? И дали давате по еднаш или два пати на ден? И едно можда смешно прашање, можам ли во исто време да го давам и пробиотикот и Д3 капките? Малце сум изгубена и заборавам да и ги дадам, па полесно би ми било ако можам се наеднаш
Не знам дали има некоја врска што кога се дава, јас по некоја си моја рутина давам д3 и омега сабајле заедно откако ќе се разбуди од ноќно спиење, а пробиотик 5 капки накај 18ч попладне пред да ја бањаме.
Давам пробиотик секој ден по еднаш. Планирам да и давам додека не ја прими и третата доза рота и некој период плус, додека да се стабилизира стомакот. Д3 најдобро е да се дава наутро. Така и правам, после прво цицање давам д3 и омега заедно, зошто д3 најдобро се раствора во масти, а навечер пробиотик. Јас ги двојам, но и да ги дадеш наеднаш не верувам дека би имало штета.