Мајки ми треба убава квалитетна подлога за на земја. Каде да барам? Оваа ми се појави, но многу некако ми е 2000 ден за подлога
Во Локо Кроко се преубави, ама пишува дека нема на залиха моментално. Минатата недела видов во Атлантик комерц, имаше повеќе дезени, 790 денари беа. По квалитет какви се, не знам.
На мојава и помага, почнав со мачкање минатата год над 6 месеци кога имаше, ниту еднаш не поцрвене. И она е бела ептен плус па со светли плави очи како моиве, така да годинава секако ќе и ставам пак. Од Еуцерин општо како козметика сум мн задоволна.
Оваа ја имаме на поклон од другарка, и она ја има истата. Стварно е скапа ама е многу квалитетна. Нема мрднато 2 години ја користат. Ние ќе видиме, уште не сум ја ставила мала е многу ќерка.
Фениксче оваа крема е Даа, и јас ќе и ставам на одмор. Во план ми е следниве денови гледам сончево ќе биде, и тогаш да ја мачкам. Не остава бело, лесна е.
А кога сме кај лето, од срце да ви го препорачам спрејчево за заштита од комарци Минатото лето, само што ќе ја ставев во количка, прскав одалеку на количката, траеше со часови, ниту еднаш толку месеци ништо не ја касна. Така да, ова е препорака од мене
Aa ti se spremas za BLW! Gledam ja kolku cinat ovie? Mi izgleda kako kvalitetni da se. Jas od temu naracav
Епа мм од аптека си дојде со крема од frezyderm кај пуштам и јас маж да ти заврши работа. Сигурно на процент им беше на тие во Зегин.
Хахахахахаххаха Прееска кога им побарав од фрезидерм гелче, се насмеа девојката. Сигурно процент ќе има хахахаххаха
Значи по пола саат би спиел пак после два ипол саати буден? Сега дремките му се толку 30-45м. Подобро повеќе време буден, онака го следев 90м буден па успивање, одма стануваше нервозен ако остане подолго буден. И 5тиот ли скок е напорен? Јас се плашам од 4иот, сите го зборат тој како најтежок. @Laura7 даа менуваат, секој ден е предизвик буквално. Јас не знам колку дремки има, не ги бројам. Ќе видам од утре баш, мислам секогаш е различно. Кога се возиме со количка си спие по два саата без проблем.