Се породив на Гак на картонот ми имаа запишано дека до 6 месеци треба да се направи преглед за уво нос и грло има ли некој што бил во брзо време? Уште некој ден сме 8ма недела, каде да следам скокови и што да очекувам може некој да ми објасни и упати
Детево мое денес 2 дремки. Сега уште спие еве. Од 14часот е заспан, нема појма за да се разбуди. Сабајле исто првата му беше 2 часа. Знам дека не треба да му се толку долги на оваа возраст, сега почна да прави вака. И ова е влијание од скокот??? Не знам дали ќе има 3та дремка до вечер. Преку ден си ги продолжи дремките, а наутро во 6 буден е Пред тоа си поспиваше до 7:30
Ние во петок правиме точно 3 месеци, преку ден никакви дремки има се по 20-30-40 минути и многу малку, денес еве ја само спие, нема ни пола саат поминато од предходна дремка она пак заспива. Во трет скок е ама мислам дека времево повеќе и влијае што е вакво денес
Кенкава и плачлива е повеќе, ништо не и одговара некои денови, ни на подлога, ни на меше, ни во релаксатор. Во раце да ја шетам и да гледа сака и во количка надвор. Кратки дремки преку ден ама и предходно не спиеше нешто многу преку ден. Послабо јаде од вообичаено, не нешто премногу ама пак. Не се престрашни промениве ама се приметува дека ги има. Е од друга страна почна повеќе да се смешка и да гуга и да пробува со рачето да фаќа иако и е згрчено и затворено се уште. Инаку скоковите јас си ги рачунам според датум на раѓање зошто така ми се поклопуваат со промените кај неа.
Скроз исти сме ние малце мака со цицањето и кратки дремки има, а и поплачлива е. Нас овој скок според датум на раѓање исто не фати
Охооо ерупција имаме еднаш дневно обавезно. Секој ден има по една пробиена пелена. Јас не знам што да правиме. Дали да купам други пелени, или и тие би ги пробила. Можеби не е до пелената... Памперс Премиум 3ка користеме. Ама напнува цело време и силно и гласно. Перална кога полнам за неа, прво пола саат на раце каканите работи ги поминувам, па во перална. Па бивало ли скоро секое парче од облеката да е со кака. А инаку на нас стандард ни е три пати во денот какање, нема отстапување ни помалку ни повеќе.
Ама и мојот беше ист скроз таков, до пред една недела ахахха Тој не знаеше да врзи подолга денска дремка. Сега почна да прави вакви глупости Јас 3 скок не сетив, ама за 4, спреми се мајче
Прв пат ни пропушти, ама ова бре до врат беше какана, како отиде до таму не знам и ние сме тројка, ама најверојатно многу брзо ќе преминеме на 4ка. Веќе месец сме на тројка. Ептен некако брзо ми ги надрасна тројкава. Иначе исто, гласно кака, се знае дека кака.
Не мора да значи, кај нас преку ден се успива со цуцла, навечее нема шанси. Си ја цуца, ама не се дава бе хахаха.
Решив да почнам со дохрана на почетокот со готова каша, додека да се уходам и набавам сѐ што ми треба. Земав од морков. Кажете ми вика да се подгрее тегличката, ја ставам во вриена вода и колку време да стои или во млака вода? Исто ме интересира ако истата каша ја отворам и сакам да ја оставам за утре, тие неколку лажички што треба да и ги дадам како да ги загревам? (Нејќам во микробранова).