Епа тоа е супер, се плашев да не претерам уште да не е мал. Сама се чудам искрено што го бендиса толку. Добро имам време до 7 ќе почниме полека.
Мајки мојава навечер заспива со цуцла. Ја оставам во креветче и си цуца цуцла па за отприлика 15 мин заспива. Е сега изгледа ни почнаа таа орална фаза, рачињата ги пика во уста и си ја бутка цуцлата. Ја имам оставено така да видам дали ќе заспие ама не заспива со рачињата во уста туку само со цуцла. Последниве неколку дена јас лежам до неа кога ќе ја тргне цуцлата и ќе ги стави рачињата јас пак и ја враќам цуцлата и после неколку обиди заспива. Да не правам лошо вака што и ги тргам рачињата од уста? Преку ден ја оставам да си ги шмука хаха ама навечер морам вака за да заспие.
Не бе, уживај. И мојата така прави, па додека ја заспивам со цуцла е, сака да ја бутне раката, па и ја тргам за цуцлата. Ее преку ден не прекинува, така да немај гајле. Туку кажи сеа, дали можеш да и киднеш хахах, едно време знам толку спие она спиеш и ти.
Почнувам да и киднувам по малку хахаха. Ама во главно ми заспива 9ипол 10, маж ми кога е трета смена и јас се комирам со неа до 9 сабајле мераци. А кога е маж ми слободен седиме до "касно" јас и он, 11, 12 ама во спална, не ни се ризикува да се разбуди ѕверчето
Јас ваква чашка и земав од ДМ, некапечка. Прво јас и ја држев па после сама баш од чашкава научи да ја држи за рачките.
Вчера ја барав тука низ аеродром, во системот провери ми рече нема никаде. Имаше обична критис, а за бебиња ми рече имало мече нешто или бебе на сликата и вика немаме. Јас не сум ја користела и не знам како изгледа