И ние сме на хип комбиотик и уште км давам пробиотик,за,некој ден сме полни 4 месеци.Педијатар неми кажал да прекинам пробиотик
Ништо не и е, и треба да го има. Само така некогаш се вадиш од памет коа ќе мрдаат. Ја инсталирав, ќе ја пробам. Ама пишува 14 дена бесплатно.
2 месеци сигурно спиеше врз мене, дење и ноќе. Само така заспиваше и беше мирен да не се буде често, а и му беше најдобра положба да не го боле мешето од грчевите. Кратко после болница спиеше во креветче, може 1 недела, после врз мене. Дење си гледав серии, тој си спие, ноќе јас во полуседечка положба, ќе се заградам со перници и така. Спиев цврсто порано, откако се роди ептен лесно се будам. Вреќичка не сум користела. После почна да спие со мене на спална. После 6 месеци се стабилизира со дремки и фативме ред, па си спие после доручек, околи пладне и после ручек. Претходно не сум следела прозори на будност или други апликации, искрено побитно ми беше ноќе да спие макар и врз мене. Денски секако ретко спијам.
Мојата е веќе над 2 месеци, поинаку нема начин да заспие освен врз мене и понекогаш татко и. Нема што немаме пробано. Навечер спие во креветчето цела ноќ ама со повиени рачиња и откако 2-2.5 саати веќе спиела врз мене па ја дигам полека, и ги повивам рачињата со лепенка па во вреќа во креветчето и си тера. Јас до неа сум на спалната. А преку ден само врз мене, јас серии си гледам она кома. Мрдни да ја преместиш, очите толкави.
Само што сакав да пишам и јас барам препорака за добра хранилка. Него што е со цениве 8000, 10.000, 12.000 за хранилка бе? Дали се нормални, па уште доле навеле "револуционерно откритие" може да се користи и понатаму како столче за цртање и седење хаха демек за таа цена добиваш ехее Има некоја добра хранилка, со нормална цена која е квалитетна и ги исполнува барем основните стандарди за безбедност?
Привремено нешто е, а стварно цените увис. Плус и дали ќе седи е прашање хахах Мојот како што е терсене не знам Ако земам нешто денес ќе ти кажам
Мојава со коса се роди, одамна и врзувам, кога не ме мрзи Се буни, ја кубам изгледа. Имаш бебешки во дм и во Јамбо.
А мојава што неќеше цуцла ич да фати? Толку сум била упорна што дури и научи да си заспива така. Иначе кај нас го снема рефлексот веќе сега мирно спие. И како почна да расте така повеќе знаци има кога и се спие. Зева, трие очиња, кенкава станува и знам дека е за спиење. Прозорот на будност и е секогаш од саат до саат ипол максимум, и така си терам. Чим видам дека прошло саат време гледам дали дава знаци за спиење и почнувам да ја успивам. Цуцлата во уста, зимам во раце пеам песна и за 5 мин е заспана. Е сега некогаш кога е поцврсто заспана ја префрлам во релаксатор, некогаш ми спие во раце, зависи од расположение. А и некогаш ми одговара да спие во мене едно кафе раат да испијам Мислам дека ќе почне да покажува знаци на поспаност и кај тебе па нема да ти треба апликација
Ја симнав апликацијата само што прочитав Предвидено беше дремка во 11:30, си заспа во 11:35. Воодушевена сум хахахах Фала ти што сподели
И ја праќав на Феникс хранилката во соодветната тема. Од Локо Кроко ја имам таа со жирафката. Пре задоволна сум а цената одлична. Читни во темата за хранилки.
Гледај да можеш да го спушташ седиштето. Гледај практична да е. Другарка опна еден куп пари, за срање од хранилка. Ама модерна била бла бла бла. Нас ни донесоа од Локо кроко на поклон и супер е.
Ја преместив од врз мене да спие на стомаче на софата во дневна. Во 12:05!!! Цел саат спие сама. Ја проверувам на секои 3 минути дали дише дека на стомак е. Не знам што да правам со себе, ова не се случило од кога е родена.
И мојата беба спиеше само на стомак ко бебе. И во корпата од количката ја имам возено така... Е после прекина да спие секако.
Што прават вашите бебиња на 3 месеци? Моево лежи на меше, се врти на страна, реагира на звук, се врти по играчки, рацете ги става во уста, почна да се лигави, гуга... Еднаш се сврте од меше на грб, иако мислам дека случајно беше. Уште не знае да фати играчка, рачињата најчесто си ги држи затворени. Што би требало да прават на оваа возраст?
Хахах ме потсети ова на свекрва ми. Ми кажува постариот син дека цело време го ставале да спие на стомак од раѓање, зошто цело време правел со рацете како да паѓал. Смешно ми дојде дека мислеше дека само он правел така како бебе валјда дека во тоа време немале пристап до толку информации и незнаеле за моро рефлекс.
Да се подесува седиштето во висината или седиштето да иде наназад? Гледам зошто има такви се спушта за да легне
Да се навалува наназад. Моето е плус и 5 висини има. И како што ја гледам цената, не е скапо ич. На тото е, некој дезен шарен со животни е. Битно да врши работа.