Nie sega za 1nedela pravime 4mec sedime do 4/5h sabajle a spie do 15h popladne dremki preku den pravime po 20min i skroz poludev kakov skok e ova neznam samo vcera za prv pat legna vo 01i30 se nadevam ke se smeni
Твоето бебе има измешано ден и ноќ. Мораш да играш со атмосферата. Да си имате ноќна рутина и различно место за дремки преку ден.
Измешан биоритам. Мора да и направиш разлика во ден и ноќ. Преку ден спиење во дневна соба и на дневна светлина, дојде ли 21.00 часот или 22, ја носиш во спална и гасиш светло, само на пригушено светло нормално. Што и да прави плаче, игра никако не пали светло. Нишкај ја, пеј ќе се умори ќе заспие. Пред да ја носиш во спална спроведи рутина и секоја вечер исто. Било бањање, било некоја песничка, било облекување пижамчиња, нешто што ќе ја потсеќа дека е време за спиење.
Што можам на пареа да направам? До сега за мене сум правела само брокули, прокењ и морков. Дали можам и компир и батат на пример да ставам, да го исечкам на парчиња и така на пареа? Сте правеле вие да знам?
Тоа што наброја. Мојата не се врти уште, по грешка 2-3 пати само, а и рано е да се вртат на 3 м во глобала. Прави многу балончиња со устата, се смее цеееело време и со гука. И раце се се' во уста. Играчки фаќа од кај 2 ипол месеци, и ставам игрална од која висат све и свашта. Се заигрува по саат време, се радува и возбудува целата. Реагира на звуци, се врти по звуци или по мене и татко и кога се движиме, вратот ќе и се свие. Глодалка и давам, си ја фаќа и по пола саат ја глоди и не ја пушта. Цуцлата сама ја вади и става. Многу се исправува нанапред со главата, сака да седи. Талески ми даде зелено светло за на 45 степени да седе. Кога и се спие, си трие очиња и си ги тегне ушињата.
Jas isto se razmisluvav. Nemam nikakov aparat ama sto bo bilo pokorisno za so brbe cooker Ili airfryer
@BellaBibi @Laura7 @merriel0 Мене многу ми е рано ама да прашам кога сме кај готвење на пареа. Јас го имам овој апарат дома ама пошо врска немам од готвење никогаш не е искористен во кутија седи. Добар ли е за готвење оброци за бебе според вас? Да почнам да учам.
Деугарка со овој две деца израсна. Се мислев да го земам, ама најдов за 100 е на Филипс авент 4 во 1 што е, па моите одма и го земаа. Е сега што како за украс ни стои, дека госпоѓица моја уста не отвара, тоа е друго.
Вакцинирано со втора доза рота, стрептокока и петовалентна пред два саата. Реакции имавте ли после втора доза? Со првата ок поминавме без тт, само нервозен беше. Со рота толку или има и трета доза?
Кога почнавте со пробување вкусови? 4 месеци ми малата , само на доење. Во понеделник прима втора доза на рота,па после недела две сакам да почнам. Со првото исто почнав така неколку дена пред 5 месеци.
Ние сме понеделник , со првата немаше температура , али нервозна беше многу и со цицањето катастрофа цели две недели . Сега страв како ми е да не биде исто
Не, имам додаток кој се става внатре во тенџерето, ставам на дното малку вода и покривам со капакот од тенџере и топ ми е искрено. Нит простор за посебен апарат, лесно за чистење. Мислам од икеа го земав.