Сега почнав јас, 5++ сме. Не брзај ако океј напредува, и јас немаше сега да почнам, сакав точно на 6 м, ама тогаш здравје треба трета доза вакцини, а педијатарот ми рече три дена пред и три дена после вакцини нови вкусови да не давам. Така да решив сега да почнам.
Јас кога се јавив тогаш, зошто фатив стомачен вирус и ми одложија за една недела, ми рекоа без гајле до крај на 5-ти можеш
Не сум правела на ваков, имам јас додаток што го ставам во тенџерето, но сигурна сум топ се спрема и во овој. Мене една мајка ми кажа, но дсли тука има не знам, неа на поклон и го донеле од Германија, имало два во еден, готвач на пареа и до него блендер. Дали имате видено кај нас вакво нешто?
Без гајле, имаш време. Со лесно да ви помине настинката. Што и е? Кашла нешто или температура? Ја третираш нешто?
Вчера имаше температура, денес нема. Кашла од секрет, прскам спрејче, ќе прашам за инхалации, дека го вади сама шлајмот, ама не може скроз. Го повраќа, и низ кака.
Супер е сега засега со килажа 7 300 има 3 300 родена . Ама со првата вакцина рота не цицаше ич. Почна и да има суви памперси, стагнираше со килажа и од страв ако ми е пак така си помислив на вкусови нешто да и давам. Тогаш ми рекоја чај вода било што да не дехидрират.
Оф леле, душиче. Времево е лошо многу топло за овој период, ќе се испоти па ќе дувне ветре, идеално за настинки. Вчера попладне ја изнесов абе ќе не однесеше ветер, страшно, а топло 24 степени. Што да ја облечам, ребуси решавав.
Како ориз се спрема на пареа? А ориз уствари во која фаза да и дадам? Овде на листот вика од 6 м, ама не знам кога да почнам, дали ид кога ќе ги поминам сите зеленчуци и овошја хм
Во мојот готвач на пареа (сличен како на Багуфче погоре) доаѓаше и еден сад пластичен, таму ставаш ориз и вода и се готви. Ориз јас меѓу првите житарки ја дадов, само давав од тој на Хип пошто ми беше полесен и мала количина можев да направам.
@Laura7 mozes da go slikas da vidam kakov e toj dodadok? Jas doma300 ccuda imam ama nisto ne koristam nemam pojma od gotvenje da ne imam i takvo nesto a da se cudam sto e. Ova cooker ako brka rabita dve vnatre da stavam i da ne se zamaram kazete
За колку време ви се повлекоа бебешките акни? Од викендов почна да и искачаат повеќе 5 недели сме денес мислам кулминација има, бевме на педијатар ништо не ни кажа да правиме. Само на лице, ушиња и под брада и се, она не ги перцепцира ама мене жал ми е да ја гледам. Ја бришам со тупфер со млака вода или физиолошки 2 пати дневно и секоја вечер ја бањаме.
Кај мојава до 3 месеци траеше тоа. Педијатар ми рече да намалуваме со греење, тогаш зима беше и само со водичка да ја одмивам на лиценцето. Не ја бањајте толку често, бар преку еден ден. И ми рече тогаш да намалам со креми на лице.