Не и ставам никаква крема, не ја мијам на лице со купка, не се поти постојано ја проверувам, ниту ја облекувам многу. Дима е по боди на кратки и шпикозни, за дремки префрлам ќебенце. Постојано е на тетра нигде не е легната така, очигледно останува време само.
Епа супер, мене овие докторката тогаш ми ги кажа за превентива, инаку и јас ништо од тоа не правев. Сепак изгледа ќе остане сами од себе да поминат, нормално е тоа првите месеци. Инаку, да, жалнички се ептен, јас тогаш како испаничив, мислев нешто и се случува, точка до точка беше нафрлана. И само од себе помина.
Мојава не пројави бебешки акни, ама знам дека на другарка моја бебето имаше па и го чистеше со мицеларна вода мустела и од нејзе се повлекоа. Ја имам и јас водата, ама ретко ја користам. Знам да ја забришам по лице со газичка со неа. едит: а не ја ни пазам толку, знам да ја легнам на спална кај нас без тетра или во дневна. Јас и мачкам крема за лице секој ден од сабајле.
На 6 ипол и доаѓа на мојава за трета доза, ама ќе ја одложиме. Сега бев прашав, до 32 ра недела може да се прими.
На тикток (како релевантен извор на информации за чување дете нели) е хит за бебешки акни мицеларнава, сеа и со твоево мислење отидов да ја барам Не ја најдов, ја нарачав се надевам ќе и ги смири малце.
Жени педијатарот ми рече три дена зеленчук, три овошје. Другарка ми вика да терам први со сите зеленчуци. Ај совет утре после морков да терам со јаболко или брокула да дадам?
Ставате ли шорок повој, што мислите за тоа? Бевме на ортопед пред некој ден го прегледа и виде на ехо кажа добро е ама два месеца да ставам широк повој па контрола. Се распрашав и као докторот на сите стартно истото го кажувал.Се мислам дали да одам приватно кај друг доктор. Педијатар ми вели немам потреба од широк повој
Па и мојава исто хах, фацки цело време правеше. Епа затоа демек секако повеќе ги сакаат овошјата, па демек да почнам со тоа што е поневкусно за нив
Сите особено постарите ортопеди го кажуваат тоа. Другарка на контрола ја праша ставаш ли широк, она не ставаше ни ден, му кажа да да и овој се познава, па сеа ти види
Ја носам во ремедика на педијатар и првичниот ортопедски преглед ни беше таму пред испис. Они сугерираа цело време да ставам широк повој, ама јас не и ставав. Само и правам вежбички со отварање на колкчињата. Сега кога наполни 2 месеци бевме кај Талески на ортопед и ни кажа дека нема потреба, супер се развива. Ни ден немав ставено широк повој.
Да не ти пуштам слика… ренде лицето. Страшно изгледаше, Биодерма атодерм и за два дена точка немаше. Иначе језиво беше тоа за гледање. Што викаш она не перцепира, ама јас проплакав.
И ние сме 5 недели мајка и до скоро имавме акни. Јас навечер после бањање му мачкам лиценцето со крема за лице на мустела. Дали тоа помогна не знам, ама за брзо му се исчистија.
Мајки утре ќе е 30 степени. Како ќе ги облакате бебињата за шеткање? Денес многу лесно ја имав облечено ама фати ветер јак и сега не знам за утре. Во корпата ја возам уште. Дали боди на кратки да и облечам одоздола а горе нешто тенко или? Help a momma out