1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    2.827
    Пол:
    Женски
    Од американските сајтови и клипови на you tube гледам со јагода и јајце пржено си почнува детето само да се храни. Не знам што е попаметно. Сите постари жени ми камуваат примери како после први овошни каши штом си се разјаде дете си давале од ручеците само без запршка и сол. Појма немаат за воведување една па друга намирница. Не знам на некое од нивните да му е нешто. Ама па и тоа ми е ту мач.
     
  2. silvana4

    silvana4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Баш! Јас разбирам не е исто сегде различно , али вака ??? Со прашалници бев целата :^)
     
    На gwenst му/ѝ се допаѓа ова.
  3. silvana4

    silvana4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Премногу е да . Можда и премногу пазење не е ок али па и ова од една во друга крајност |(
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Мајки, се замислив со затнатото носе.
    Од ноќеска приметив дека потешко дише дури спие, дури и поткашла неколку пати.
    Сега ми текна дека подолго време во каката има како шлајм, дали е нормално?

    На прегледите нема никаков проблем, освен што ни кажаа да ставам синомарин по потреба.
    Деновиве беше топло и дома воопшто не пуштив клима, прозорот беше отворен па се мислам да не настина од тоа. Ќе пробам денес со аспиратор за нос, а утре ќе одам на педијтатар.
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    34.029
    Пол:
    Женски
    Мајки, давајте совет како да му воведам рутина на бебе од 6 недели? Или рано е уште за да може да прати?

    Многу касно ми заспива, како швајцарски саат секоја вечер во 11 без промашај. Заспиј го порано и ќе се разбуди за 5 минути и се така у круг дури не дојди 11. :drunk:
    И дневните дремки му се ептен кратки, пола саат дали му се собира. Дури неможам да се изначудам како толку мало бебе толку малку спие и станува.
     
  6. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Тоа се по некои нови истражувања, воведување на алергените што порано. Кај нас по стари методи кажуваат, ги слушам и така терам и јас.
     
    На Abc baby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    @BellaBibi Купив авент шишенце, како што го прати тоа. Кажи ми тече од него капки? На опаковката имаше прешкртана капка, првиот ден мислам не капеше. Сега и давам по малку секој ден, и гледам течат капки кога ќе го превртам.
     
  8. silvana4

    silvana4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Да исто ми кажа то што е алергено да се вметни порано не да се чека ... незнам мене па пусто страв ми е ќе си терам како Мк :D
    И за вода исто ја прашав од кога ќе почнам со вкусови дали може со вода и каква ... каква била флаширана ми рекоја
     
    На Abc baby и Laura7 им се допаѓа ова.
  9. Monas95

    Monas95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истото дека шише нефаќа па сакав да пробам со таква чашка?
     
  10. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Жени по колку време ви спијат бебињата после подој? Се работи за новороденче и овие 2 3 денови почна да спие подолго 3 часа спие инаку стануваше на сат и пол до два
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Иста бев, денски дали 1 саат вкупно спиеше, плачеше престимулирана цело време. Пробај со апликацијата huckleberry да ги организираш дневните дремки, да го заспиваш како што ти одредува апликацијата според возраста. Мери му ги сите дремки од-до и само ќе ти даде кога следна дремка треба да му биде. Нека има 5-6 дремки во текот на денот од околу 5-6 саати собрани вкупно од будење до ноќно спиење. Пред ноќно спиење нека ти биде буден 1 саат-саат ипол. Последната нека биде околу 18:00 од прилика и во 19:30 почни ја рутината што си ја имаш планирано. Бањање, масажичка, пижамчиња и темна соба. Не излегувај од соба дур не заспие цврсто, пробај врз тебе на меше околу 20-30 минути нека зацврсти или како ви е рутината за успивање. Ама не го легнувај дур не заспие цврсто.
    Не отстапувај од рутината по ниедна цена. Секоја вечер истото.
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    4.156
    Пол:
    Женски
    Мајки, се придружувам јас по втор пат во темава, сега мајка на близначиња од 5 дена :inlove::inlove:

    Кажете ми, од кога почнавте да ги изнесувате надвор?
    Станот ми е на север и во ниеден дел од денот немам светло, а сакам малку на сонце да ги извадам.
     
    На adena, merriel0, Bebe moe и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Да ти се живи и здрави :inlove: Јас мојава ја изнесов на 12 дена првпат, 31ви декември беше хаха. Нека пркнат малце и шетајте
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    7.796
    Пол:
    Женски
    Јас моето од 2 ден кога си дојдов од болница го вадам надвор, но јас сум во куќа. И како што беше овие денови овде кај нас 15-20 степени, по 2-3 часа (на неколку пати) бевме во двор.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Па и јас затоа ја купив, од нешто да и давам чајче и вода, да не давам со цуцла, зошто треба веќе да се учи и да јаде
     
    На Monas95 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    20.111
    Пол:
    Женски
    Ми капе да. И јас мислев некапечко е, ама пушта по некоја капка.
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Ova deka nekapecko kape e najjako a taman mislev da ja kupam
     
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    20.111
    Пол:
    Женски
    Пресмешно е. Демек да не се прави лом и пак е лом.
     
    На Abc baby му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Значи да не земам такво од Авент :rofl:
    Ми нудеа од tommee tippee во Зегин мене, ќе ризикувам со такво :rofl:
     
    На Abc baby, Monas95 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    20.111
    Пол:
    Женски
    Земи и сподели после.
     
    На Abc baby, gwenst и Monas95 им се допаѓа ова.