Првите две недели не ја вадев, после педијатарот ми рече обавезно надвор. Октомври ми се погоди многу топол и се шетавме и по саат, два надвор. Сега залади многу, почекај да се качат температурите уште некој ден и шетајте си слободно.
Јас мислев не капе ич, затоа и го купив. Барем така на опаковката вика. Се изнервирав мислев оштететена цуцла ми дале. Значи такви се сите. Го ставив во количка во ќесе, вадам што да видам утоп.
Барав во дм органски ориз, да почнам да и варам. Смеам ли ваков од цело зрно за почеток? Или бел треба?
Педијатар, обавезно. И ние така почнавме. На инхалации сме. Рутина, секој ден без остапка. Дури и сабајле. И кога ти станува сабајле? Пример јас станува, правац во соба кај нејзе, се пресоблекуваме, одма миење газе, лице. И назад на облекување, па витамини и на цице. Секое сабајле е ова. Навечер исто, исто време облакање и влагање во соба, и нема искачање додека не заспие. Секој ден исто, без остапка. Ако ти станува покасно сабајле, помести му, разбуди го поранко, и полека ќе се навикнува.
Добри сте вие штом заспива во 11, моето до пред 2недели откако е родено заспиваше точно во 01:20 секоја вечер, а до тогаш ќе дремнува ќе плаче дур не помине 01ч никако да заспие. Сега веќе заспива во 11:30,00,00-30 најкасно зависи. Мислам дека се мали за некаков ред, не знам. Ние веќе сме два месеци, луѓе деновиве раце не можам да му тргнам од уста, ги цица, се лигави, ги шмука кога ќе фати убаво да може двете ќе ги пикне и ако упорно му ги тргам се нервира и плаче