Приватно Ремедика, ама само до 3 месеци примаат. Земи приоритетен за на клиника, ќе те примат без проблем.
26 степени во лето ни е дома. Нема да ги настинеш. И вас ви е топло викаш, верувај и на нив исто им е.
На парно сме,и самата зграда има јака изолација,цело време ветреам и отворам врати.Без парно на мкнусни температури е 19 степени во стан цело време ги соблекувам,ладни нозе а испотени им се
Приоритетен? Пошо нема термини, викаат на приватно одете. Многу смешно, не им работи апаратот а немаат термин, па плаќајте си приватно. Што мизерија ќе бевме…
Ostaj od koi da kupam toa edno. Nego dali prvo ovosjaya i zelenc da Gi proba pa potoa zitaricive ili kako??
Јас прво така, овошје зеленчук само, после житариците. Другарка во Америка, по препорака на педијатар почна со овес
Дали можам да стоплам вода во термос да стои за ад?Сега кога топлам само млака ја правам а делот што останува вода во ѓезве ја фрлам после тоа не ја топлам пак не знам дали е правилно. Од кој термос сте задоволни? Бебе цица ама успано и секогаш е прегладно.Мислам дека почнаа и грчеви веќе 2 недели и 4 дена сме.Кога пие дохрана знае да се турка со ноџиња и рачиња и да се грчи како да е најадено ама чим го дигнам да ждригне бара со главата да јаде уште.Дај му пак пак е истото.Дали капките есумисан ги давате во одредено време?Педијатарот пишал само 4 х 20 капки и не знам кога се даваат.
Можеш да стоплиш вода во термос. Јас така правам и раат сум. Јас имам термос од Дм, од тие еднобојните и задоволна сум. За грчеви исто можеш да си земиш термофор, и масажа да му правиш на стомачето. Јас еспумисан давав кога ќе забележев дека има грчеви, не нонстоп.
Дали во моментот баш кога ќе има или пред јадење ги даваше? И за термосот дали водата ја вриеше или ?Јас користам Бебилан вода па само млака во ѓезве кога му спремам веднаш,за во термос не знам како да направам
Грчевите од прилика секогаш во ист период од денот ги има. Практикував пред јадење да му ги давам. За во термосот не ја вријам, користам Нера Критис, нема потреба вриење
Потврдувам за термосот од Дм. Не е скап, а држи со саати топла вода. Го користам веќе месец дена и сум презадоволна. По 25 капки се даваат еспумисанот, баш овие денови давав ама кај нас многу промена немаше. Ама штом по 20 ти рекол доктор, прави така.
И моето има 4 месеца, кога се јавив да закажам за очно ме искара дека требало до 6та недела да се прегледа. Сигурно немаше да го носам по клиники на таа возраст, во период со секакви вируси, а родено во 35та недела. За скрининг на слух знам дека тешко е за термин, упутот го фативме месец унапред. Пробај, сигурно ќе ти закажат
А 4 пати на ден да ги давам точно на 8 саати ?Може смешна сум но стварно ми е апла ново ова ,читам за сирупи за различни капки ама само бетер се мешам..не знам ни дали се грчеви ова не му траат долго.
Ќе ги витка ножињата кога има грчеви, а и плачот му е различен. Пробај прво со тие капки, може нема да има ефект и кај вас од нив, па ќе треба други да смените
Земи си за тебе лактил капсули штом доиш во нив има анасон и помага за грчевите, ова ми е од Јасна. Исто и во Лактамикс чајот има доста анасон и ким. Капките на база симетикон (Еспумисан, Инфакол, Саб симплекс) ги разложуваат гасовите за полесно да се исфрлат, да се намали притисокот во цревцата, а капките на база лактаза(Колиеф) се за разложување на лактозата, зашто на бебињата им фалат тие ензими.
И јас потврдувам за Лактамиксот, кога го пијам немаме проблем, а го прекинам вришти дете… @Stone имам термоси на ДМ и на Sigg, вториот е подобар ама и доста поскап. Ако не во треба и за понатака земи го на ДМ ќе ти брка работа. И во Карес има квалитетни исто.