Дали во 4ти скок би одбиваат да јадат? И цицањето им е одвај колку да цицне? Значи имав измолзено и дадов одвај 50мл, значи до молење испи.. не ми фаќа ни шише нешто.. до сега не било така од прв ден си пие од шише.
Дали ги пеглате алиштата на бебе ако ги сушите во сушара. Значи пеглањето ми е најнеомилена работа бебе има скоро 8 недели, до сега цело време пеглам, ама барам потврда дека можам да престанам
Можеш Не сум пеглала. Само во сушара на програма хигиена таа со боди што е на Беко сушарите. На целата работа и сама со него дома, уште да пеглам ми фале, а тој да бљуцне после млеко или оброк или да ги лигави. Немам намера
Пијам се тоа и плус на хипп чајот но многу се грчи како да е најадено кога е со АД се гура со рацр нозе а чим го дигнеш да ждригне ќе те изеде.
Јас пеглам. Ама немам сушара. Од кога купувам веќе и никако. Немаш потреба да пеглаш кога ги сушиш во сушара.
Сушам во сушара на висока температура и ги пеглам само тетра пелените, многу ми се грди така збрчкани и смалени.
Мајки, синчето денес на секое будење плаче, вришти и се тресе дури не го смирам. Што може да е, дали е нормално? Има 4 месеци
Не, уште ако пеглам на овие 500 сушари дневно… се дезинфицираат со перење на 60, плус сушара, немаш гајле.
Кај секој различно, мојава остана на цицка, вришти на цел глас ако закаснам 5 мин да не и дадам, пукнав веќе.
Овој инстант од хипп? Дали може овој со вода да се раствора и дали така прво само ориз да дадам или да измешам со јаболко? зошто мислам со вода само ориз никаков вкус ќе нема.