Да седнеме, да дремнеме и ние хахаха Сега па по се се пушта, јас седни ја она со глава доле, нозе горе. Влече се што ќе дофати. Само на земја е спасот хахах
Мајкии, дали некоја се соочила со кратки дремки и многу будења во таа дремка? Ние спиеме 40мин но се будиме нон стоп и само мрда па мора да се презаспива
Исти сме и ние, ние сме на AD на стомаче ич не сака да лежи се врти само еднаш кога она ќе посака а за чај се уште не сум и дала и сега за сега мислам дека нема потреба. Јас ја ставам на перница и сака да си седи можеш комотно да почнеш
Мајка, 7 недели ми е бебето. Откако е роден не се сеќавам денски да сврзил повеќе од пола саат дремка. Денски дури и невозможно е нешто да фатам низ дома баш заради тоа што скоро цело време е буден. Ама па навечер си спие за машала, по 12ч без да се разбуди ич. За млеко само, ама тоа си го пие во сонот и си продолжува. Не знам веќе ни јас што да пробам за да почне повеќе да сврзува денски. Или па да се помириме дека едноставно такви ни се децава.
И ќере беше така, па после сама смени легната на спална да заспива или било каде. Сега пак заспива кај мене во раце гушната, со глава на рамо кај мене. Мм ја успива , шета низ куќа несака, ја зимам јас и во секунда со глава на рамо и заспива.
Јас знаеш како викам. Се додека навечер спие, денски се ќе истрпам. Еве ја сега почна да спие убаво, претежно во мене, ама нека е жив и здрав Нетфликс, ќе си гледам серии додека спие.
Порано си врзуваше една дремка саат ипол до два, сега периодов по пола саат и рипа, како аларм да има во газето и автоматски од три дремки, почна по 4 зошто и се кратки и се ми поремети. Сега влегува изгледа во 5 скок, гледам 22 недела почнува, оф леле ќе биде изгледа, ммка и се нервира цел ден, ништо не и е погодено. Па ќе ни се поклопи и со вакцини, тоа е, ќе пошизам
Скокот е катастрофа. Мене цела ноќ ми се будеше и прерано насабајле беше ококорен Ама истуркавме некако хахха Со лесно да ви е Навечер барем ти спие?
Денес примивме 3 вакцини шестовалентна,стрептокок,рота 2 доза...Освен што имаше грчеви и плачеше цел ден ко да се жали др.реакција немаше..Сеа дежурам да не ми качи тт...Мене нај ми е страв од тт,како поминавте вие со вакциниве? Дадов пробиотик,ми рекоа може и капки против грчеви.Моево немаше грчеви воопшто па до сега не сум му ни давала ништо освен пробиотик.
Моето бебе е 2 месеци и започна со кашлање и затнат нос. Идто така има шлајмови кои знае понекогаш да ѓи поврати. Бевме на преглед и ни дадоа инхалации. Денес е веќе подобар носето му е одзатнато, но кашла повеќе. За колку време поминува кашлицата од прилика? Совет за нешто дополнително?
На толку мало бебе ништо друго. Кашла од инхалациите, се разредува секретот и кашла. Или ќе поврати или ќе искака. Ќе помине за 2-3 дена од инхалациите.
Од 19ч до 20ч најкасно е заспана. Ретко ретко 20:30. До сабајле 6-7 со едно будење за млеко, а некогаш знае и да не се разбуди. Знаеше и 5ч да стане, ама сега ја зимам до мене, па до 6 спие.