Јас го користам тоа од Чико пластичното чешле. Прво масло ставам од Фрезидерм 20тина мин, и после со пластичното ја чешлам. На 2-3 пати и скоро се' излезе. Малку е досаден после за чистење пластичното чешле.
Се информирам од педијатар и секако интернет кои чекори треба да ги прави согласно возраста, ако мислиш на развојни вештини. Секако и педијатар на месечна контрола ја проверува детално освен здравствено, и развојно. И помагам и јас секој ден преку игра да развива различни осети. Ако мислиш на килажа и должина, исто педијатар ми ја гледа.
На интернет мајка гледам сѐ. Имаш еден куп информации за milestones кои би требало да ги има според воздраста, килажа, должина. Нормално секое бебенце си е приказна зад себе, ама убаво ми е вака кога си се водам по нешто. А веќе на педијатар кога одиме на контроли се информирам подетално. Инаку имаш и апликации, јас ги користам what to expect и baby+ .
Има ептен корисна апликција од Уницеф, Bebbo, и на македонски јазик. Опции да внесуваш килажа и висина, развојни достигнувања итн, ептен е корисна.
Сокчиња од колку месеци смее да се дава? Пишува на нив од 4мес дека може, али како што знам не смее..
Спијат ли вашите бебиња на перница? Од вчера му течи носето денес е веќе подобар и нема секрет, во консултација со педијатар ми кажа да го ставам на перница главата да му е поткрената за поубаво да диши и да спие. Јас мислам дека скроз му одговара спиење на перница и синоќа а и денес дремките ептен убаво спиеше, дали е до перницата не знам
Мамички дали ке може да ми предложете какви цуцли,шишиња треба да купам за почеток.и по колку од прилика
Година и 4 месеци ми е малата, не сум и дала купен сок. Преферирам да си јаде овошје, така поубаво внесува сè што е добро од овошјето.
Едно шише ти е доволно за почеток. Ако ти притреба повеќе ќе праќаш маж да купи. Јас за почеток земав филипс авент стаклено 120мл и еве уште пиеме од тоа, само што сменивме цуцла со поголем проток. Цуцли исто земав на авент и бибс. Син ми повеќе ги сака авентот ама тоа зависи од бебуш. Земи си според буџет што ти одговара, има еден куп избор.
Масло еден час пред капење на главчето и со чешлево што е на сликава пред капење а со четкава после капење за две недели и се изгуби. Уште има малце кај што е местото по меко. Во Дм треба да има.
Не е препорачано, ама моето спие со перниче. Имам ортопедска со дупка за глава. Поубаво ми спие со перничето навечер.
Може слика и од каде е купена? имам и јас една мала бебешка со дупче кај главата ама мислам дека не е добра за спиење, ја купив дур бев бремена врска кога немав ич