Поклон ми е од братучетка што ја користеше за нејзиното бебе. Ќе и пишам од каде е купена и ќе ти кажам.
Има со преварантски финти правам нов профил на секое, трет ми е овој. Само дремки пратам со апликацијата.
Добар е, ама моето слабо го пиеше дека не е благ за разлика на Бекутан, тој го пиеше. Јас некогаш ад растворав во чајот за да го испие барем така.
Се мислев сега на Благовец, 5 ќе сме. Ама си викам, бегај премала ми е некако. Па здравје, следна година на година и нешто ќе и ги дупнам.
И моето спие на перниче затоа што првите месец ипол два упорно спиеше на едната страна и малку ја сплеска главата. Почнав со такво со дупка ама некако и во него упорно така си ја вртеше главата и на крај порачав друго перниче од Англија баш препорачано за исправување и спречување на сплескување и во него си спие без проблем и си ја врти главата на двете страни. Не е препорачано ама за сега функционира и кај нас.
И ние првично почнавме со перничето бидејќи ја преферираше левата страна и исто и се сплеска главата. Со перничево се оправивме ептен.
Мајки ај да ве прашам. И давав на малава бејбитол коли си какаше еднаш дневно. Со полни 3 месеци сменивме пробиотик и го почнавме ваја, се искака еднаш на 4 дена, следно еве веќе е втор ден денес уште не е какана. Педијатар вика може и до 7 дена да не кака ама мене ептен ми се поклопи со вајата. Да сум давала бекутан чајче по потреба.. Претходно немало вака, цело време си какаше еднаш дневно. Инаку не делува дека ја мачи нешто. Што да правам да давам чај од тој на хип или од тој од дм, да менувам пробиотик или да си тераме вака?
Мајки со бебиња во 4ти скок.. само моево ли е волку напето? Или е до скокот. Значи одвај се успавме, се тепаше со цицката, мрдање, претање, па тоа војна водење.. не знам што и стана, а кенка и се спие.. до скоков ли е?
И кај нас почна. Цицањето исто, секогаш завршува со плачки, со тргање, со удирање, се препотува. Некогаш заспива нормално, ама почесто со плачење, мрда, се тегне на сите страни, плука цуцла, па пак ја бара. Пуштам бели звуци и нишкам, така се смирува и заспива. Преку ноќ некогаш се буди на 3-3ипол часа, ама некогаш на 1-1ипол час Денски дремки најчесто се по пола час, поретко по еден час, некогаш по 20 минути.
Nie taka sme od sinoka. Cela nok ne e spiena. Denes 3 dremki.poslednata vo 19.30 se razbudi i uste ne zaspiva. Ako ne spie cela nok kako vcera kaj mi e krajot.. ima li nekoj skok sega okolu 7m?