Мајка, 2 месеци сме за некој ден, уште имаме грчеви. Ама малку како да му се подсмирија сега, откако почнав да давам по малку чајче на Бекутан и инфакол капки. Изгледа добитна комбинација беше ова кај нас. Ако има вас кој да ви ги донесе од Бугарија капките, пробајте. Околу 300 денари ги плативме. Вие сте па баш во пикот на грчевите. Знам како ти е, ама верувај дека мора да се помириме со тоа дека е период и мора да помине.
Жал ми е што не спие кутрото убаво во раце цело искривено.Плус кај нас не е краток период ова.Од рано наутро до вечер до 1 по полноќ е истово.
Жал ми е и знам колку се чувствуваш немоќно. Баш ако си ме читала и јас за ова се жалев тука, па феминките ми дадоа утеха. Гревче се кога се искривени така , ама еве и син ми само така сака да спие. Најверојатно му ги подсмирува грчевите од самата наша топлина, па убаво му е на мешињата. Не му се секирај, држи го како што си сака. Ќе помине, гушки до вас.
Чајчето како се дава?И капкиве ако успеам да ги најдам како да ги давам?Дали ако почнам со нив да прекинам со колиеф и еспумисан ?
Био гаја замени ги со некои други, читам кај повеќето правеле запек. Исто и ваја е за течна столица и тој прави запек.
Здраво мајки дали е ова нормално Малава има 9 дена само,на доење сме во денот и има 4 5 полни пелени со измет но ова ме интересира дали е нормално испушта гасови како возрасен и тогаш знам дека е какана а изметот и е течен како во жолтка боја и има некогаш како и бели парченца низ него...
Јас комбинирав, колиеф директ во млеко ад пред да се даде, ако има простор да постојат во шишенцето капките уште поубаво. А некогаш наместо колиеф во ад, инфаколик директ пред цицање во уста Исто комбинирам и цицање и ад и таа комбинација не спаси, ама цело време покриени со некои капки беа, сеа на 3ипол месеци уште троша инфаколик ))
Мајки, не знам дали прашањево е за во оваа група. Сакам да знам дали би ми прекинало породилното доколку почнам со работа во др фирма и бидам пријавена таму? Колку што јас знам мислам дека да, ама сепак ми треба некој што е поупатен.
Во што ви спијат бебињата поголеми дневна дремка? За сега сме со гнездо во дневна ама преку сила до 4ти месец да го користиме и барам опција. Бебка се врти, активно бебе е и немам идеа во што би ја ставала на 4 месеци. Во креветче во спална стои како опција ама сакам да е кај мене во дневна да не трчам на секое.
Пошо полудев со 4тиов скок. Ја отворив летната количка и во нејзе денес цел ден дремките ги спие.. иначе не сакаше никаде освен кај мене во раце.
Офф и тоа си го помислив, количката на сред дневна. Јас си рачунав до 5-6 месеци во гнездо она уште сега не е за оставање со нозе се крева се избуткува, се врти на страна, на спална се врти за 180, кљко што сме сами нема да можам ништо да си потфатам по дома уште малку
Јас го пуштав двоседот во дневна кога почна ептен да се врти и ми тресна доле преку перници. Количка во дневна немаше теоретски шанси, а во спална не сакав затоа што таму и беше ноќно спиење и не сакав збунка да и се случи (после над година си спиеше таму за секое спиење). Гнездо не знам зошто многу ми беше страв да не се загуши. И уствари не ти помогнав Ама јас би пуштила кревет ако имаш опција. А сега второво ќе видиме, јер второ нели, многу порано ќе оди сама во соба
И јас сакам креветчето во спална да си остане синоним за ноќно спиење баш во тој период на уцврстување рутина. Модуларна гарнитура имаме (не се спушта) маж предлагаше да ја комбинираме различно, може да смислиме нешто. Не ми се купува уште некоја ствар пошо во 70квадрати уште нешто не ни фали.
Ние во гнездо еден месец одвај, многу е долга мојава, и висеа нозете, плус се рола на сите страни, и на гарнитура спиеше. Ама скоков, здравје ни зема за денскиве дремки, и уште количка немав дома, сега и тоа имам.
Ни се сплеска малку главчето и ајде од 2 месеци форсираме и другата страна цело време, и има малку опоравување, ама не скроз. Тони Талески вика дека ќе се среди само. Дали треба да паничам на се што ми искача на инста дека нема да се среди само? Заради положбата во матка, сеуште ја преферира едната страна, го оправивме и тој момент да не е цело време на таа страна, ама пак, за некоја нијанса си ја преферира едната повеќе. Што да мислам сега?
Јас земав на авент 2 шишиња пластични од 125 мл,и 2 цуцли. Одма ги фана. Иако цица, многу ги користам и шишињата, бидејќи се измолзувам и навечер кога се буди,му давам од шише.
Мајки бебе скоро 6 месеци,последните 15тина дена ми има само 180 гр качено. Вкусови пробува, цица кога сака колку сака, некогаш дури со сила, не сака.. Беше болен, мислам дека и забите ќе му пробиваат и протестира, не сака баш да цица, јас осеќам послаба сум со млеко.. Роден 2700 моментално 8200, супер си креваше низ месеците.. Давав и железо поради слаб хемоглобин.. Млеко адаптирано нема шанси да проба, друга течност 20мл макс ако му сркам со лајче вода или чајче.