Немаш потреба за грижа. Не качуваат веќе по кило ко на почетокот. Таман сте. Башка наведе дека и болно било и забче расте...
Истиот проблем го имаме. 4.5 месеци и малку му е сплескана главата а ортопед и педијатар викаа ке се среди ама ме фаќа страв. Баш сакам да слушнам некој со сично искуство Го легнувам на страна ама главно мрда додека не се намести на грб за спиење. Буден не гоноставам на грб да лежи ама незнам дали е доволно
Мислам дека е тоа и плус совети и изготвување некој план за дремки и спиење специфициран за твоето дете според некој прашалник. Ама не ме фаќај за збор. Јас го користам само за одредување од прилика кога дремката да биде, тој дел се плаќа и е дел од тој премиум пакет после 14 дена.
Ќе се среди. Син ми спиеше на лева постојано, спескана беше, на првиот преглед на ортопед кажа повеќе на меше и да го вртеме на десна. Само што заспиваше, го вртев. Веќе е 9 месеци и ептен минимална разлика има. До година би требало да се среде.
Ја вртам, ама веќе дремките ни се пореметија и тешко спиење така.. и навечер ми рекоа да ја оставам како сака, зашто е битен сонот. Некако слабо сака на меше, ја форсирам макс, ама ете сега нешто почна повеќе да сака. Стварно се надевам ќе се среди.
Моето преку ден откако е родено го легнувам во количката да спие. Имаме еден дел неискористен простор во дневната и таму си стои количката хахаха Чекај 5ти скок, мојов од тој скок си ги продолжи дневните дремки. Исто како твојата спиеше претходно, 20-30мин. Сега си ги тера по саат ипол. Малце имам време сега нозете да ги одморам
И моето е со сплескано главче. На контроли не ми се оди оти докторката само ми превртува очи, како јас намерно да му ја сплескав главата. Цело време сака на грб да спие, уште откако се роди. Му ја вртев главата на страна, ама тоа пак си се местеше како што му одговара. Сега веќе почна и да седи, па се надевам ќе има некој напредок.
Женски, Бебе бљуцна денес покрај класичното од млекце и малце зелено, се извадив од памет. Изгледаше како секрет, ама он нема ни затнат нос, не е настинат, баш ништо… На доење сме, што може да е? 2 месеци скоро.
Мајки,бебето ми е 3 месеци, многу сум изгубена, прво бебе ми е милион прашања имам во главата Синоќа додека спиеше,како да хрчи,како да му е затнато носето, пробав да му го исчистам со носко,но нема ништо. Инаку, од кога е роден кива чат пат,си поткашлува и има како засушени мрсолчиња кои преку еден ден,после бањање,му ги вадам со ноското. До сега,на 2 недели го носам на контрола, секогаш беше добар. Незнам дали може да е настинат, имам слушано од други дека бебе се познава дали е настинато по бојата на изметот. Какви симптоми имале вашите,кога биле настинати,има ли врска бојата на каките со настинката ?
Прашај си правник или во Фонд. Имам познаничка која го прекина породилното и продолжи да ги зема двете плати. Но најискррно не знам дали легално беше ова. Кога ке е настинато ке знаеш. Не е истото бебе. И моето знае чат пат да крчи со носето а не вадам ништо. На наредна контрола потенцирај на педијатар за да го прегледа.
Со 5ти скок како поминавте ? И кој е потежок 4ти или 5ти ... 4ти ни заврши излегов жива од него сега се мислам за 5ти како ќе биде. Со 4ти катастрофа од не спиење преку ден , едвај да ја заспијам , цицањето катастрофа два дена на цицка два нејќеше да ја види. Па сега да се спремам со време Ако некој може да каже што да очекувам
Од другар на мм што има златара, ни вика поубаво како бебе, не разбира и избегнете Благовец. Тогаш се гужви, сите пискаат плачат, плачат од звукот ма пиштолите. Кај бебиња со два пиштоли одеднаш ставаме и побрзо иде.
Го преживеавме и 5ти. Во споредба, 4тиот ми беше мнооогу потежок. Во 5тиот ми се будеше рано насабајле, во 5ипол и си брмчеше, си викаше. Се будеше на секој саат навечер. Ама откако помина скоков, сега дневни дремки си има од саат ипол, два. И сум раат хахах
Мајки на колку време ви стануваа новороденчињата вие што сте само на доење моево станува некаде на 4 сати а да го разбудувам на помалку часа (пример на 2)и давам града пак не фаќа односно ни се буди па ни сака да јади така само таа кога ќе сака
Мене ми велеа на 2 часа да го дојам ама станува на 3 до 3 и пол часа и така терам Едит сега сме и на прихрана и доење