Само моето ли бебе многу малку спие во количка кога се шетаме? Ќе поспие, па ќе стане, ќе прета, ќе кенка и на крај ќе се расплачи па смирувај го и после пак во круг. Не дека сакам само да спие, туку знае често да заплаче и некако гледам да не го разлутам уште толку и си одам дома, а сакам уште да шетаме. Вака кога ќе видам бебиња како си спијат во количка, за мерак. Син ми не дека не спие, заспива ама малку и често се буди. Кажите ми дека е период.
Женски да ве прашам на тие бебињата што му имале жолтица за колку време им поминала и што сте правеле за побрзо да помини ?
Ставај го бебе на сонце.. Повеќе млекце да пие оти се чисти кога кака.. Е сега колку долго трае мислам различно е,зависи колку ќе има жолтица,кај мене беше жолта до кај 2месеци,а поспана беше само неколку дена,после нормално сама си се будеше
Јас на 3 часа почнав да ја будам и тогаш едвај се буди прво ја преслекувам па да се расони оти ако ја оставам спија и повеќе иначе за хранење е на цицање и плус на вечер и давам млеко што се молзам навечер па сама станува кај 2/3 и потоа кај 6 часот Дали е таман вака?
Еее колку ќе менува. Мојата од бебе да ти е мерак да шеташ беше. А искочиме, заспиваше. Сега иди па стави ја во количка. Вчера со мм шетаа, закенкала малце и седела. Ама јас кога ја шетам, мора гушната во мене да е.
Мајки која од вас имаше термин околу 30ти Декември, а породена накај 24ти? Ми треба да ги споредувам скоковите со блиска особа со бебац.
На моето кратко му траеше, околу 2 недели и не беше поспан воопшто. Ништо посебно не правев, само понекогаш на прозор на сонце.
На лажиче ставам малку млекце и капнувам 25 капки и ѝ давам. Слободно ми рекоа по потреба и до 6 пати на ден од нив. Сега кога прими рота превентивно два пати и дадов и фала богу не вриштеше како минатиот пат од болка.
Мајки почнав да и давам за доручек по пола тегла мала хипп. Кажете ми кога ќе сакам нов вкус да и давам, да речеме крушка, бидејќи се дава прво по две три лажички, дали да дадам толку и да продолжам со проверен вкус пола тегла, за да и биде ко оброк? Правите така?
Ако се буди сама е супер,ако не се буди на 3/4 часа,буди ја ти,таман правиш што ја пресоблекуваш да се расони.. Колку дена е бебе старо?
Можам да очекувам работи од твоето бебле кај неа следна недела. Така некако му доаѓа. Ти и @Orchidea сте тука некаде со бебчето. Фала ти
Не, нема потреба да му оптеретуваш желудниче со колку сака... По неколку лажички додека му се разработи мешето. Барем недела две... Секако сте на доење. Вика пишаното: прв ден две-три лажички, втор пет-шест, трет до 10л. Јас така посебно и давав прв ден нов вкус да проба по две-три лажички, следниот ден и ставав веќе у кашичка. Секако ако видиш реакција ќе воведуваш и втор ден за да се осигураш, а не да мешаш нова состојка во каша. Ме сфаќаш.
Првите неколку дена по некоја лажичка. Педијатар ми кажа и до 7 лажички, а ако сака после повеќе да дадам. Е мојава нема некоја желба за јадење, па се молиме и за 10 сега.
Сакаш да кажеш дека бебе јаде 10 дена оброк и за нов вкус му даваш само 3 и автоматски не е ни оброк тогаш. Зошто кога веќе имате оброци, нов вкус посебно даваш? Дади помешано со тоа што е пробано, а притоа нема реакции. Пример кромид само кромид ќе даваш? Или само пиперка?