Бебињата имаат слаби стомачни мускули и допрвин се учат да какаат, затоа им е тешко и црвенеат. Прави редовно tummy time, масажички и вежби со нозете. Не брзај со давање работи од одма, остави малку да му се среди само. Ако е на доење (мислам дека доеше ако не те мешам) до 7 дена е нормално да не кака.
Како правите tummy time кај 1 месец бебе?Ме фаќа паника дека ќе се искрши кутрото не знам дали го местам правилно.Знам дека кратко по 5 минути ама ептен ми е страв се гура со нозе врат ќе искрши.И рацете каде се?
Сирупот го згуснува млекото во желудникот и прави заштитна обвивка на хранопроводникот за да не се враќа млекото
На 1 месец лежење на стомаче само директ на мене. Не ја спуштав сама. Имаш перничиња специјални за тамитајм. Такво користев веќе од втор месец.
Не ни пробував да го ставам на 1 месец. Лежеше врз мене само. На тие грчеви и нервози уште тоа ми фалеше. Моето и не го сакаше лежењето на меше, ама веќе после 3 месец по малце успевавме. Ако сакаш, види видеа некои и стави му под градите нешто, рачињата да ги потпре.
@Noemi @Aschenputtel @merriel0 педијатарот дека ми кажа на рамна подлога само да го свртам кратко време.
Јас ја ставав, од многу рано ја држеше главата. Лактите убаво потпрени за да има рамнотежа и почни со помалку па зголемувај. Јас ја ставав негде од 3 недели отприлика. Ако видиш дека се мачи сврти го не го форсирај
@MariaBouli дали пред да почнете со сирупот бебе бљуцкаше малку жолто? Минимално како низ белото има жолто, уште 5 дена до контрола, не знам дали да убрзам…
Не, ама бљуцкаше како густо млеко, не течно проѕирно, и мн често се дешаваше да бљуцне два саати откако е јадена. Ми рекоа дека тоа е несварено млеко. Жолтото да не е шлајм? Нека кажат поискусните мајки
Како ви спијат после промената на саатот? Од 9 ми премести на 10 навечер. Што по старо е 9. Ќе смени ли?
Види на интернет има многу видеа за правилно поставување. Не знам дали објаснам баш најдобро, под бебето ама не многу накај мешето за да не паѓа главчето надоле, ќе видиш само ќе ти покаже
Мојот легнуваше во 9,и сега легнува во 9,по старо во 8 Ама баш тогаш кога се смени саатот, стана еден сат порано, како да знаеше хахаха и си го продолжив истиот ред. Ако ти смета, пробај успивај ја секој ден 15 минути порано, можи ќе си се врати на старото
Јас и влегов во шема. Ајде прва дремка знам дека и е за макс 2 саати од станување. Другите се на размак од 4 саати макс. Штом се приближува време , ја зимам, гушнати низ соба се движиме, на јутуб најдов една така убава приспивна музика, вика за 3 минути прави да заспие бебе хахахха, ама озбилно брзо заспива. Цуцлата и само ја гледам туп главата кај мене на рамо и знам дека е веќе заспана. Ако се премори, аууууу оди па заспиј ја. Сабајлево само и ставив цуце и во иста секунда заспа. Со мелодијата пуштена си дуфташе 2 саати.