Два ипол месеци, рацете му се нон стоп во уста, ако упорно му ги тргам се нервира и плаче... а се мачи вело време да ги пикне во уста и цица упорно. Ја трга цуцлата и става прсти Пробувам да му ги држам не сака да е 'заробен' исто плаче нервозно кога ќе осети. Јас сабалје прв пат видов скроз отскриен, со претање во спиење цело ќебе го тргнал и си спиеше ги стсвате ли во вреќа или како се справувате?
Вреќа ти е светска работа. Ем знаеш дека му е топло на бебуш, ем не се будиш на секое да покриваш. Од мене најнајтопла препорака за вреќичка.
@MariaBouli ви дијагностицираа рефлукс? Затоа што и мојава многу често ми бљуцка исто и саат, два после цицање, така густо, бело. Не секогаш, ама еве денес 3-4 пати бљуцна. Фидановски ми рече дека не е страшно, секое бебе имало некој мал степен на рефлукс и најчесто само од себе поминува. Ама мисла ми е, не знам толку ли се прејадува или мака има.
Од Намам и е таа што спиеше до скоро во неа. Ракавите се вадат ако сакаш и ми се допадна што доле нозете можам да и ги извадам да си мрда убаво. Сега наредно гледам од Ело да земам. Оваа од Нанам ка искористивме ептен ептен. Во вреќичка спие па скоро од неполни два месеци.
Па ние веќе не сме за во вреќа. Мојата е пресклетџика. Еве вечерва прв пат ја ставив без вреќа, со кебенце. Се надевам нема да го фрли… пошо скренува во вреќата од што и е топло, сабајле испотена ми се разбуди. 5 ќе правиме уште малку.
Мајки, де дајте ми утеха, ќе скренам веќе со паметот. На што се должи бебе да плаче до зајдување кога треба да пие млеко? Ќе попие 20-30мл и почнува хистерично да плаче и нејќе, а го гледам гладен е. Па со смирување некако и со плачки после пие до кај 70-80мл, поретко 90. Веќе се изморив, кога доаѓа време за да пие млеко ноќна мора ми е.
И моево спие во вреќа. Раат. Претходно го покривав со ќебенце, ама веќе почна да мрда, па страв ми беше да не се покрие преку глава. Земав и јас пролетна од Нанам, топло ни е дома. Само пиши water sounds for sleeping, white noise или baby sleep music. Кај моево сите делуваат, заспива за максимум 2-3 минути.
Каква е таа пролетна? Јас летна гледав на Ело, подебелка е таа пролетна? Аа ја мислев некои други. Спиеме ние со фен, ама коа не сака да заспие што сака нека свири, нема да заспие.
Па според симтомите што и ги објаснив на матичната, и со оглед на тоа што баш кога бевме кај неа така обилно поврати, она ми препорача да пиеме сируп. Ама ние плус забушававме со килажа качување и тоа беше и уште една причина плус зошто пиевме сируп. Ама мојата бљуцкаше скоро секогаш, поретко не. Ама сирупот ќе го пиеме фо 3 месеци, после ќе го оставиме зошто се оправувал и рефлуксот по тоа Од друга страна пак педијатарот од приватната исто ми викаше дека е нормално и дека не треба ништо да правам, ама јас изгубив нерви со мерењата овие 2 месеци и морав се да пробам за да почне асално да качува килажа.
Види на vibboo.mk, имаат пролетни. Мојата уште на 1 и 1.5 тог е, без ракави. Земи си 0.5 тог, потенки, ако се поти навечер.
https://nanam.mk/produkt/letna-vrekja-so-mobilni-rakavi-i-otvor-za-nozhinata/ Еве ја, 1 тог е. Јас уште не ги извадив ракавите, со нив си спие. Облекувам целосни шпикозни и вреќичката. Ако облечам и боди жешко му е. Не знам дали да ги вадам ракавите, се си мислам ладно ќе му биде така.
Јас земав 1 тог вреќа од тему и ми е преубава. Материјалот е преубав, ако е тему. Сега во неа спие бидејќи во таа од ело ми се потеше. Сега ќе нарачам од тему и летна од материјал како тетра пелена.
Каков е материјалот? Како тие на ело? Јас му земав од нанам ама знае навечер да ми е испотен и со тенката вреќичка, а само боди има под неа таа од ело повеќе му одговараше ама е без отворено кај нозете
Здраво мајки Сакам да земам седиште за автомобил. Со искуство со првото дека не сакаше воопшто во седиште малце сум во размислување какво да биди. Нејзиното седиште беше ептен со перничиња и многу се нервираше. Бебето ми е 5м па ќе пуштам некоја слика за совет кое да биди Јас искрено сум за последното иако е од 76 до 150 цм
Ние сме 4+ месеци,во иста ситуација сме.На периоди јаде супер,на периоди само што го гледа шишето плаче.Моментално сме во таков период кај што едвај по 600 мл дневно успевам да и дадам.Имаме се уште грчеви и во овие периоди ја успивам ,и пробувам од кога ке заспие убаво да и дадам да јаде.Некогаш и на 4 часа и доаѓа да јаде,ама тоа е,важно ми е да јаде.На педијатар бев ,нема кандида во истото,препорака е цуцла да сменам,ама ни тоа не ни помага.Се надевам дека брзо ке и помине периодов.Си напредува ама дневно става по 27 грама.Др вели дека е супер да не сум се нервирала ке помине,период и било.
Вие може да сте и во четврт скок. Моето никако не сакаше млеко да пие тој период. Со молење, со плачење..
Јас од нанам немам, не знам какви се. Инаку памучни се, како ело. Ма да малку по помек памук се овие. Имаше и со муслин обвивка мислам. Јас и на Ело имам, добри се.