Едната е на kikka boo, а другата ја добив на подарок. Сега баш од baby centar земав на free on, имаше 15% попуст на колички, па ќе видиме како ќе се покаже. За првото имав free on 3in1 презадоволна сум, сеуште ја користиме ама таа ми е зимска и тешка за склопување, од таа причина земав сега летна.
Нормално е да спие кога има температура, но не ја оставај предолго, повеќе течности, електролити, туширање. Дали ја однесе на лекар, да видат што е? Колку е месеци е бебе?
Јас ваква зедов. Мислев нема да ја користам, ама во последно време сѐ повеќе ја преферирам од другава количка. Кога ја возам, толку е лесна, што мислам дека ништо не туркам. Се склопува за секунда, ептен малку простор зафаќа, можеш како чанта на рамо да ја носеш, има ременче такво. Наслонот се прави на повеќе нивоа. Мене искрено многу ми се допаѓа. А брв ептен скептик за летна количка.
Мојата во понеделник прави 3 месеци, исто максимум 1 саат издржува будна, саат ипол ако е веќе нервозна станува и плаче. Само првиот прозорец после ноќно будење е саат ипол. Се друго 45-60 минути.
Јас се породив во Ремедика приватна, сабота ме пуштија дома, па во понеделникот одма дојде патронажна. Од тогаш дојде уште два пати по мое барање.
2-2.5 сати е буден. Откако премина на 3, почна да спие повеќе, по сат ипол. Претходно му беа по 35мин
Да, не мора да значи дека секогаш каснат од приватните само рече дела е случај и дека се зависи кога ги пуштаат извештаите.
Па што знам... Видов повеќе модели. Некои се ептен како од картон мислиш, ќе се свијат на пола. Пак ми е важно да е стабилна. Гледав да е поасална, и еднаш ќе купам летна. Cybex за иста цена, многу полош квалитет ми се виде.
Еднаш ќе купиш, ко да ќе ја возиш до 10г во количка. Догодина лето може комотно трицикл, има што се спуштаат седиштата и за дремка ако воопшто сака да дремнува надвор кога ќе е поголема. Но, секој со своите пари и избори
И моево е во глобала будно 2 саата, некогаш и некоја минута плус. Првата дремка утринска му е саат ипол а другите 30-45 м зависи, се случува и саат ако се успие добро.
Моето на лето ќе биде 8-9 м, за трицикл е мала. Инаку мислев еднаш, и за идните деца кои ги сакам/планирам, здравје. Ама секако, секој си ги троши своите пари и негово право е.
Од првите две дози вакцина немаше реакција, од третава сега шествалентна и стрептококата ми качи 38 сега. Ви се десило така без температура првите две, ид третата да качи? На колку температура ги туширате?