Го легнувам околу 9 навечер, ако е расположен го оставам до кај 9ипол Спие до 7:30 на сабајле. Знае да се разбуди за млеко еднаш, два пати. Го легнував во 8 до пред скоро време, ама му поместив дека наголемува денот Вас како ви е ноќно спиење?
7ипол 8 навечер спие до 6ч сабајле еднаш се буди за млеко накај 4, проблемот е што денски не спие воопшто ќе заплаче и не спие или максимум 10минути ако дремне
Навистина незнам секако пробувам несака или јас неуспевам, а буден е 13/14/15 сати некогаш некако мн ми е растојанието
Качи 38.5 негде. Со една доза Далерон спушти. Со првата немаше ништо, со втора качи 38, ама ја расоблеков и така спушти.
Здраво мајки сакав да прашам дали е нормално курето на бебе старо еден месец е скоро секогаш тврдо и испраено? последниве неколку дена предходно не беше така некогаш беше меко и спуштено позз
Очекувај да почни да мочка ако е така ...И јас сум со малечко и по тоа знаам остави го така ќе видиш дека ќе почни да мочка
Мајки како го преживеавте четвртиот скок? На секој саат ми стануваше ноќеска, во 5 стана расположена за играње. Среќа маж ми беше дома па ја зема од 5 сабајле до 9ипол, сега јас дежурам он спие. Мислам дека од раце ќе ми паднеше. Капак на тоа па и добив вчера стомакот ме кинеше, како ми се погоди тајмингот.. иста рутина тераме ништо не и сменивме. И тоа навечер се буди и не цица, само ка ставам на цицка и така седи, за две минути заспива. Колку време ви траеше fussy phase?
Сеуште си трае еве скоро месец Само издржи ќе помине и ова, би рекла “интересен скок беше”. Добро е не полудев хахахаха Друго бебе е после скоков, учи многу брзо нови работи и сигурно навечер си ги повторуваат и затоа не спијат, плус регресијата…
Преку ден се успиваме по 20 минути со плачење со виткање наназад..и само во раце спие, ми е страв да не и остане навика тоа
Не е само до скокот, од 3 до 5 месец може да се почне и првата регресија. Оваа е една од потешките затоа што се случуваат промени во циклусите на спиење. Тоа е, ќе издржиме https://shtrk.mk/што-е-регресија-во-спиењето/
Ауу ела да те гушнам хахахааа. Едит: само што ти го пишав ова и мојава се разбуди после точно 9 минути. Успеав да ја презаспијам среќа
Исто беше моето во 4ти скок. Баш пишував овде. По 1 сат го заспивав за да поспие 20тина минути, мислам се распаднав тогаш. Ама ќе си се врати во нормала после скокот
Преживеавме на стаклени нозе .... Катастрофа , ама период од 4 до 5 месеци има и регресија во спиење и кога ќе се фатат заедно ела издржи. Цело време нишај за да заспијат и на крај 15 20 мин дрмка и ете ја пак. Мака и со цицање Ама ќе издржиш ќе помине и тоа Совет само навечер ако ти станува потруди се да не пушаш светло тв или да му зборуваш. А за рано станување од ко е родена мојава 6 или 6 и 30 станата е .
Точно 2ипол месеци сме и периодов најмногу е буден саат ипол два и кенка и знам дека му е за спиење го земам кај мене и се комира, е сега некогаш спие подолго некогаш и 10 минути или штом го спуштам во креветче расонет е таман сме и ние значи добро е оти мислев многу да не спие
Ела да си поплачеме. Вчера искочив да се видам со другарка, термин натемпиран дека она ќе заспие во количка како секој ден, најадена секунда пред искачање, секако шетавме не сме седеле. Госпоѓата се одра плачење едвај се прибрав неа во раце количка на сите страни. Ја смирив после 30мин думкање дома спиеше 4 со букви четири минути и стана спремна за провод насмеана. Ми идеше од прозор да рипнам.
Исто и кај нас, како гума се вртеше на почеток на скокот, ние сме на крај можам да речам дека релативно подобро го заспивам, има вечери кога се мачиме, ама оди на подобро… Од трет скок наваму во раце само го заспивам неќе ни со татко му, подава раце да го земам јас